7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Аудио книга со балкански детски приказни за деца и млади за доближување на културните разлики

Со цел да се доближат културните разлики на децата од  балканскиот регион здружението Мултимедиа Прес – Прилеп, (кое е фокусирано главно на медиумската писменост и  културниот развој, со акцент на делување не само во урбаната туку и  руралната средина во Пелагонискиот регион),  го креира проектот  BALKAN CHILDERN STORIЕS E-BOOK, кој претставува уникатна содржина од приказни за деца и млади. Проектот е  поддржан благодарение на  Регионална мрежа за културна разновидност READ,  финасиран од ЕУ што овозможи детските бајки да ја видат „светлината на денот”.

Во рамките на неколку месечното работење на проектот Е-книга Балкански детски приказни, создадени се  аудио-визуелни бајки кои усно генерациски се прераскажувале во Македонија,Турција и Албанија. Со цел доближување на приказните од различните народи, содржините се преведени  на сите трите јазици македонски, турски и албански. Аудио материјалот е пренесен  на USB стикчиња,  а воедно поставени во електронска форма. На таков начин преку дигиталната форма приказните ќе бидат  лесно достапни за младата популација и за сите консументи, кои сакаат да откриваат, учат и да уживаат слушајќи ги приказните.

Воедно, материјалот е „спакуван“ и во Е -книга  со оригинални илустрациии кој ги изработи Филип Јовески, во PDF формат, во дигитална форма, за лесна достапност за симнување, прегледување и преслушување, со цел приказните да бидат што поблиску до децата, до оние кои сакаат да чујат и да ја согледаат убавината  на различните  јазични подрачја и да чујат интересни приказни кои се прераскажувале од народи кои живеат на Балканот.

Комплетниот проект, како е аудио материјал е лесно преслушлив, едукативен, поучен и корисен како за млади, така и за наставници, едукатори, медиумски работници итн. и може да послужи како одличен едукативен материјал со кој младите можат да научат за нови култури и традиции  и за нови бајковити светови.

Креирањето на аудио  на Е–книга со приказни за деца и млади, во рамките на проектот READ-Regional Network for Cultural Diversity READ (Регионална мрежа за културна разновидност), финасиран од ЕУ, е поттик за почитување на културните различности меѓу народите кои живеат на Балканот. Токму преку приказните децата и младите ќе научат дека различностите не треба да не’ разединуваат, туку да не соединуваат. А, децата,  преку  балканските бајки впечатливо, аудио и визуелно,  имаат убава  можност  да научат  дека не постојат граници и разлики меѓу луѓето. Културната разноликост го збогатува концептот на еднаквост и прифаќањето на различностите се само чекор кон создавање на квалитетен соживот и почит. Здружението Мултимедиа прес – Прилеп ќе продолжи да работи кон збогатување на содржините за поквалитетно функционирање на општествената заедница со  ваквите идеи,  каде културните разликите се презентираат како наша предност и наше заедничко опкружување, вклучително и квалитетна медиумска писменост кон пренесување на културните информации во рамките на подобрување и запознавање на аспектите за начинот на живеење на другите“, истакнуваат од Мултимедиа прес – Прилеп, креатори на детската книга со приказни од различни народи,  на различни јазици насловена E- BALKAN CHILDERN STORIЕS E-BOOK.

Аудио верзијата и  ПДФ-изданието ќе биде достапно за симнување и дистрибуција наскоро после промотивните активности. Од Мултимедиа Прес кои планираат најпрво ова интересно издание на аудио приказни да го добијат децата од детските градинки.

 

Би можело да ве интересира

Филмска проекција за хумана акција

Работилница за зајакнување на капацитетите на медиумската писменост

Елизабета Филипоска

Кои се можностите за развој на женско претприемништво во руралните средини?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе