Во стотте најголеми македонски компании според остварените приходи минатата 2021 година според специјализираниот портал бизниз мрежа најголемиот дел се од Скопје, а само 2 се од Прилеп. На 64 тото место се наоѓа Прехранбената индустрија Витаминка АД Прилеп со остварен приход од 49, милиони и 567, илјади и 408 евра. Прилепска Витаминка лани покажала раст од 19 отсто, и го подобрила рангирањето на листата за 4 места погоре од претходната 2020 година.
Втора компанија е КОМФИ-АНГЕЛ Прилеп ДОО која се наоѓа на 85 тото место од вкупно 100, со остварени приходи од 38, милиони 710, илјади 476 евра. Комфи Ангел за 17 отсто остварила раст и во споредба со претходната година, го подобрила за 1 место рангирањето на листата.
Што се однесува до рангирањето за остварената добивка во 2021 г МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп се наоѓа на високото 13 то место со вкупно добивка од 14,827,052, што претставува раст од 78% и искачување на ранг листата од 5 места во споредба со 2020 година. На истата ранг листа ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП ДОО Скопје е на 28 место со добивка од 5,829,749 со раст од 100% и скок од 20 места на ранг листата од 2020, додека ВИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ с.Алинци, Прилеп со добивка од 3,412,381 е новорангирана компанија на 48 то место.
Според платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, трета година по ред, се изготвува листата „100 Најголеми“ компании по приходи во Македонија за 2021-та година.
Проектот „100 Најголеми“ содржи три категории – најголеми компании по приходи, добивка и број на вработени. Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.
Предмет на рангирањето на 100 НАЈГОЛЕМИ се компаниите – трговски друштва во приватна сопственост. Ранг листата не вклучува правни лица, банки, осигурителни компании, државни институции, компании во државна сопственост и останати правни лица кои не се регистрирани согласно законот за трговски друштва.