Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп од денеска зеде активно во Европските денови на културно наследство. Ќе се реализираат серија од специфично подготвени настани на тема Одржливо културно наследство кои имаат за цел подигнување на свеста за заедничко европско наследство кај пошироката јавност, преку поттикнување на креативноста и имагинативноста посебно кај младите вклучени во образованиот процес.
Интерактивните настани започнаа денеска 22 ри и ќе траат до 28 ми септември.
„Учествуваме заедно со околу 70 илјади настани во Европа во 50 земји. Ние сакавме да ја покажеме инклузивноста на нештата да ја покажеме креативноста и да ја поттикнеме имагинарноста кај младите. Со секој настан и граѓаните ќе бидат инволвирани за активностите. Преку оваа манифестација се запознаваат со богатото културно наследство сите граѓани на Европа. Завод и музеј Прилеп настапува со 4 големи проекти во Европските денови на културното наследство. Прв е денешниот, со настанот насловен како „Уметниците во музеите – музеите со уметниците“ со кој што сакаме да ги поттикнеме нашите граѓани посебно младината да учествува во сите овие настани и поставки се отворени, нашите кустоси се тука, и мислам дека отвореноста на музеите кон граѓаните ќе биде максимална, посочи Горан Цветкоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.
Со првиот настан „Уметниците во музеите – музеите со уметниците“кој што денеска започнаа Европските денови на културно наследство во Прилеп, вратите на музеите се отвораат првенствено за уметниците.
„Целта на овој настан е уметниците да ни бидат нам повеќе од помош како кустоси и куратори и да имаме повеќе изложби. За уметниците е многу голема инспирација, денешнава изложба се сведува на малку поинаков концепт на изведување на уметност, но сите наоѓаме некоја инспирација која што е присутна како дел од теренската работа на археолозите, дел од теренската работа на историчарите, и историчарите на уметност, сите си наоѓаме по некој дел каде може да се пронајде некаква идеја и инспирација, “ рече м-р Маја Ралева Миладиновска, куратор.
Утре, 23.09.2022 (петок) со почеток во 12.00 часот во Завод и Музеј Прилеп, Археолошка поставка ќе бидат претставени резултатите од археолошките истражувања како мотив за одржливоста на локалитетот Стибера с. Чепигово со дигитална презентација, од страна на Душко Темелкоски, кустос советник.
В понеделник на 26.09.2022 во 12.00 часот во Меморијален Музеј 11 ти Октомври 1941 – Участок – Прилеп ќе се реализира настанот : Интеракција на тема Мултиперспективноста на културно историските споменици како Креативна лабораторија насловена „Обуј ги чевлите од друг, погледни од другата страна, влези во туѓа кожа“ со цел поттикнување на креативност и критичко размислување кај училиштната младина, со м-р Паре Заревска, кустос.
Од 22.09 до 27.09 ќе се реализира Патувачка изложба Биографија низ Фотографија – Ченто во Музеј на Македонска Борба – Скопје, куратор: Рубинчо Белчески, кустос советник.
Паралално во истиот период од 22.09 до 27.09 на тема Заштита на „Недопирливото културно наследство“ – школска едукација
ќе има континуирано дигитално претставување од страна на куратор Александар Цветкоски, кустос советник.