30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

МТФ „Војдан Чернодрински“ доби нов претседател

На денешното собрание на МТФ „Војдан Чернодрински“, одржано во Скопје,  д-р Ана Стојаноска, театролог, професор, е избрана за нов претседател на собранието на Фестивалот. Изборот на новиот претседател доаѓа откако собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“ констатира дека е изминат мандатот на досегашниот претседател Катерина Коцевска Хаџавасилева.
Со надеж дека ќе продолжи одлична соработка со сите театри, Стојаноска, по нејзиниот избор вели:
„ Главниот мој  фокус ќе биде создавање на фестивал според современите страндарди, фокусиран на домашната драма и новиот театар, со сериозен концепт и можност да се види каков театар создаваме денес, со програми што ќе го „оживеат“ театарскиот сјај и со грижа за театарското наследство.“

Би можело да ве интересира

Mузичката вечер „Звуците на градот“ со пејачката група „Преродба“, КУД „Пере Тошев“ , Октетот Прилеп…

Пела Редакција

Ликовна колонија Дрен, 17 то издание со 17 уметници од земјава и странство

(ВИДЕО)Во Прилеп прв фестивал на рана музика-доближување на музиката од минатите векови

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе