0.3 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

АСФАЛТИРАНИ 2,1 КМ ЛОКАЛНИ УЛИЦИ НИЗ ОПШТИНА НОВАЦИ

Асфалтирани се локални улици во должина од 2,1 км во Општина Новаци со што целосно е реализирана Програмата за изградба и одржување на локални патишта и улици на територијата на Општина Новаци за 2022 година.

„Во изминатите 2 месеци се спроведуваше асфалтирање на локални улици низ цела територија на Општина Новаци согласно програмата за изградба и одржување на локални патишта и улици која на мој предлог  ја одобри Советот на Општина Новаци. Согласно оваа програма се што беше планирано е остварено односно асфалтирани се локални улици во должина од 2100 метри или 6300 метри квадратни со вкупна вредност од 10 милиони денари.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Со оваа програма се утврдени приходите кои се обезбедени од Буџетот на општината како и од Јавното претпријатие за државни патишта, но и расходите и нивната намена за изградба, зимско одржување, проектна документација и надзор. Со Програмата за  изградба и одржување на локални патишта и улици  беа опфатени сите населени места во Општина Новаци и тоа: Новаци, Гермијан, Добромири, Горно и Долно Агларци, Гнеотино, Рибарци,  Тепавци, Скочивир, Живојно и Далбеговци.

Би можело да ве интересира

Oтворени 21 те Пелагониски културно научни средби во Новаци

ОПШТИНА НОВАЦИ ИЗГОТВИ НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ЗА ПЕРИОДОТ 2023-2028 ГОДИНА  

Општина Новаци ги субвенционира домаќинствата за поставување пластеници за еко – храна

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе