Македонските џудо ветерани викендов во Тирана, Албанија, на првото Балканско првенство за ветерани освоија осум медали.
Медалите ги освоија:
1.Киро Здравески, кој воедно беше и селектор и натпреварувач во старосна категорија М9 до -66 кгр – сребро
2.Маке Спиркоски М9 до-81 кг – злато и во старосна опен категорија до -81кг сребро.
3.Марјан Димески М7 до 100 кг – сребро
4.Мартин Ристески М5 над 100 кг – злато и во апсолутна категорија над 100 – злато.
5.Сашо Димовски М5 до 73 – бронза
6.Ѓорѓи Хубрев М5 до 100 кг – бронза
На првенството учествуваа Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Романија, Бугарија и Македонија со околу 100 натпреварувачи.
Селекторот Киро Здравески е задоволен од настапот на сите и од освоените одличја и на негово задоволсто, како иницијатор на ветеранското џудо во Македонија и Балканот, се оствари и ова натпреварување кое и донесе голем успех на нашата држава.
Балканско Првенство за ветерани се одржа од 19 до 20 ноември 2022 година во Тирана, во салата Аслан Русе во центарот на Тирана.