5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

ЖРК „Деспина“ во пријателски меч лесно го совлада Пелистер

Првиот контролен натпревар, синоќа, во подготвителниот дел на ЖРК “Деспина“ против екипата на “Пелистер“ беше успешен.  Домаќинот ЖРК „Деспина“ во текот на целот натпревар водеше со предност од неколку голови и убедливо ги порази гостинките со 28:19 (15:9). Тренерот на екипата, Страшо Илиоски имаше можност да ги тестира сите ракометарки кои му се на располагање и генерално е задоволен од прикажаното, иако имаше доста технички грешки и од едната и од другата страна , а на теренот не можеше да се почуствува дека се игра суперлигашки ракомет.

Екипата на ЖРК Деспина во овој подготвителен дел од новата суперилгашка полусезона се подготвува интензивно, во салата на СОУ “Р.Р Ричко“. Стручнот штаб очекува девојките да одиграат уште неколку контролни натпревари до почетокот на првенството на 02-ри март. Нема промени во составот и тимот успешно ќе рабтои  да излезе од дното на табелата.

На крајот од есенската полусезона во ракометната женска лига,  ЖРК „Деспина“ заврши на седмото место со 13 освоени бодови, а  под нив се најдоа само екипите на Гевгелија ,  Цемакс и Овчеполе со нула бодови. На табелата води ЖРК „Металурт“ со 36 бода

Би можело да ве интересира

За Јорданчо Наумоски 150 натпревар за Победа, но гостите сепак ги зедоа бодовите

Елизабета Филипоска

Нов предизвик за тркачите Мирческа и Стојкоски -ќе трчаат на Мон Блан.

УШТЕ ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ СЕ БОРИ ЗА МЕДАЛ ВО ТОКИО

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе