10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Познати се групите на турнирот во мал фудбал Свети Никола 2022 (ВИДЕО + ФОТО)

Како и секогаш во овој период од годината настанот кој привлекува најголемо внимание кај прилепчани и пошироката јавност е турнирот во мал фудбал , кој годинава по пауза од три години ќе се одржи а натпреварите ќе се играат во салата од ООУ Добре Јованоски.Почвнувајќи од утре па се до 25-ти декември на љубителите ќе им биде сервиран најдобриот мал фудбал кој денеска и официално беше поделен во групи откатко беше извршен и ждребот.Познати се и групите на екипите каде ќе разигруваат секој со секого во обидот да се стигне до највисоката ,  прва позиција која носи и награда од 240 000 денари.

Во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  гостуваше и претседателот на спортското здружение Марков Град , Александар Крстески , кој истакна дека е презадоволен што бројката од 32 екипи се зголеми на 37 во сениорска конкуренција, и дека без разлика на помалиот капацитет во салата каде ќе се играат дуелите , и тоа како ќе биде интересно прво да се поминат групите а потоа да се стигне до висок пласман на турнирот.

Еве ги и групите на турнирот : Група А ( Зона Премиер , АнаМарија Фуд, Астра Казино , Пролетер, Асан Кичево )Група Б – ( АфиксПласт , Влав Шпед , Термити Агро Багаж , Пекара Џулијано , Комфи Ангел) , Група Ц  – ( Скара на кило Кусио , ТеаАндреа, Тим Јосифов, ДекорКолор Кајф Кафе , Микросам) , Група Д – ( Виталија Ветаџока , Најс Текстил , Армија на РМ, Ресторан Хризантема, Трисоро) , Група Е – ( Гостилница Кај Мече , Коколе Изофаст , Арт Дизајн, Вик Македонија , КафеЛули ) , Група Ф – ( Гостилница кај Џек , Кафе Дома, Фасада Чајник , Аст Пак ) , Група Г – ( Андријанико , Сквер Кафе Ресен , Кетеринг Рустика , Фреш Бо То ) , Група Х – ( Сендвичара Грижо , Црна Река , Ресторан Бабино , Бела Подморница ). Од овие групи екипите играат по систем секој со секого а најдбрите две екипи од секоја група продолжуваат во нокаут фазата.

 

Би можело да ве интересира

ФК Победа бара нов правичен судиски систем во македонскиот фудбал

Гордана Цветаноска

Победа – Шкупи на стадионот во Битола, дебитант Бразилецот Силва

Гордана Цветаноска

ФК Победа – со нови сили во нови победи!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе