Не изостана традицијата и обичајот, вековна и на далеку познат, кога е во прашање подготовката за празнување на Св.Никола, заштитникот на Прилеп. Здружението на жени, кои ја негуваат традцијата „Преродба„ ја подготовија светиниколската трпеза. На неа се најде посна пита со праз, посен зелник со кромид, овошје, риба, посни колачиња , светиникослки грав, но спецификата на овој празник е во посните сарми, препознатливи како светиниколски сарми, во голмина на лешник, кои умеат , се чни, да ги прават само прилепските домаќинки.
„Зелката треба да бидие сторена и потоа се сечат мали ливчиња . Откако ќе се насечат мали ливчиња се цедат, се прави оризот во кој се става сол, бибер, масло и црвен пипер. Со по неколку зрна ориз се витка сармичето со големина на лешник“, раскажува Менче Милошеска, членка на здружение „Преродба“.
Негувајќи ја традицијата сите овие години со ред не сакавме да изостане еден ваков голем ден кој во Прилеп го слават 60/70 проценти од фамилиите. Сакаме да пренесеме на помладите генерации дека треба да се чуваме, но традициијата не треба да ја заборавиме“, вели Лилјана Ѓорѓиоска, претседател на здружението „Преродба“.
Но, она што оваа година е посебно за Здружението на жени „Преродба, кои покрај тоа што ја негуваат традицијата ја преферираат и хуманоста, е организирањето на хуманитарен концерт за опожарените домови на прилепските семејстава, кој ќе се одржи на 20 ти , вторник, по празникот Св.Никола, во салата на ЦК “Марко Цепенков„, со почеток во 18,оо ч, на кој, покрај пејачката група на здрженито Преродба, ќе настапат и гости пајачи и КУД-ва, кои ја негуваат македонската традицонална музика. „ А цената на влезницата е симболична , 50 ден. Но, нашето малку за некому е многу. Затоа е добро да помогнеме, да донираме и да останеме човечни , хумани. Затоа и го орбанизираме овој концерт “– рече при оваа прилика претседателот на здружението на жени „Предодба„ Лилјана Ѓорѓиоска.
Целиот разговор на овие теми можете да го погледнете во прилогот подолу :