11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (24)

Пишува Зоран Момироски

  • НОВИОТ ГАЗДА НА МЕРМЕРНИОТ КОМБИНАТ  ВО ПРИЛЕП Е СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ КОНЗОРЦИУМ СОСТАВЕН ОД АКЦИОНЕРИ ОД АМЕРИКА СЛОВЕНИЈА ГРЦИЈА И КИПАР. НАШИ ИЗВОРИ ТВРДАТ ДЕКА ФАМИЛИЈАТА ПАВЛИДИС ГИ ПРОДАЛ РУДНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА БУГАРИЈА И ГРЦИЈА ПОРАДИ СЕМЕЈНА ОДЛУКА. И, ВО ИДНИНА ОД ИМЕТО НА НОВИТЕ ГАЗДИ СО КОМБИНАТОТ ЌЕ РАКОВОДАТ МЕНАЏЕРИ ОД ГРЦИЈА И КИПАР. И, ВАКВИ ТРАНСАКЦИИ НА АКЦИИ И КАПИТАЛ ВООПШТО НЕ Е ПРОБЛЕМ. ВИСТИНСКИОТ ПРОБЛЕМ ВЕЛАТ НАШИТЕ ИЗВОРИ Е ШТО ДОДЕКА НЕ ГО ПРЕВЗЕДЕ КИРЈАКИДИС ГОДИШНО СЕ ЕКСПЛАТИРАА МЕЃУ 9.000 ДО 12.000 МЕТРИ КУБНИ. ОТКАКО ВЛЕГОА ГРЧКИТЕ ГАЗДИ ПРИЛЕПСКОТО РУДНО БОГАТСТВО ГОДИШНО СЕ ЕКСПЛОАТИРА ОД 22.000 ДО 24.000 МЕТРИ КУБНИ, БЕЛ КВАЛИТЕТЕН И НАДАЛЕКУ ПОЗНАТ ПРИЛЕПСКИ МЕРМЕР.
  • И ДОДЕКА ,,ГОЛИОТ“ ПАТРИОТИЗАМ КУКА И ПЛУКА ЗА ДОДАВКАТА СЕВЕРНА  ВО ИЗМИНАТИВЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИ СЕ ИЗНЕСЕНИ 470.000 МЕТРИ КУБНИ БЛОКОВИ ОД  ВИСОКО КВАЛИТЕТНИ  ПРИЛЕПСКИ МЕРМЕР. ОВА ЗНАЧИ ЗЕМЈАТА И РУДНОТО БОГАТСТВО ЗА ПАРИ СИ ГО ПРОДАВАМЕ, АМА ИМЕТО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕ СИ ГО ДАВАМЕ. А ЗА НОВАТА ИЗНИКНАТА ПЛАНИНА ОД ОСТАТОК ОД ЕКСПЛАТАЦИЈАТА НА МЕРМЕРОТ МЕЃУ НАЈЕКОЛОШКИОТ НАЈЧИСТИОТ И  НАЈУБАВ ДЕЛ ОД ПРИЛЕП ВО БОРОВАТА ШУМА НАД ВЕШТАЧКОТО ЕЗЕРО НИКОЈ НИ КУКНУВА НИ МУКНУВА.

 

  • РУБИН АБРАШОСКИ ДИРЕКТОРОТ НА ЈП КОМУНАЛЕЦ ТИ БИЛ НА ГОЛЕМА МАКА. ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ЗА ВОЗИЛАТА ОД ОВА ПРЕТПРИЈАТИЕ ТИ БИЛ ЦЕЛ НА НАПАДОТ  НА ,,ГЕРИЛАТА“  ОД ТРИЗЛА. ВО ОВАА БИТКА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА КОМУНАЛЕЦ ТИ БИЛО ДОВЕДЕНО ВО ДЕФАНЗИВНА ОДБРАНА. ПА ИМАЛО ДЕНОВИ, ТИЕ НАМЕСТО ДА СЕ БОРАТ  ЗА ЗАШТИТА НА ВОЗИЛАТА, БАРАЛЕ ,,ЧАЈРЕ“  ДА СПАСУВААТ ЖИВА ГЛАВА. СЕГА АБРАШОСКИ ЗА ДА ГИ СПРЕЧИ ОВИЕ НЕНАЈДЕНИТЕ ,,ГЕРИЛСКИ“ НАПАДИ МОРА ДА КОЛИ И МОЛИ ЗА ПОМОШ ОД ПОЛИЦИЈАТА. СЕГА ПРАШУВАМ, ОВИЕ ОД ПАРТИИВЕ И ОД ВМРО-ДПМНЕ И ОД СДСМ – КАДЕ ВИ Е ПАМЕТОТ КОГА ОДИТЕ И МОЛИТЕ ЗА ГЛАСОВИ КОГА ВЕТУВАТЕ И ПОЛИЊА И ПЛАНИНИ?! ЗА ПУСТА ВЛАСТ СИ ДОЗВОЛУВАТЕ НЕКОИ ВО ФОРМА НА ,,ГЕРИЛА“ ДА ВИ УРИНИРААТ ВРЗ ГЛАВИТЕ ПА, ПОСЛЕ ЌЕ ВИ БИДАТ ВИНОВНИ ВАШИТЕ ВРАБОТЕНИ  ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, ПОЛИЦИЈАТА  ИЛИ МОЖЕБИ ВИНОВЕН ЌЕ  ВИ БИДЕ ,,ЦАЦКО КОНОПИШКИ“?!

 

  • ДЕНОВИВЕ МЕСТО И ВРЕМЕ ДА СЕ ИЗВРШАТ МИНИМАЛНИ ОTСТРАНУВАЊА НА ДЕФЕКТ НА АВТОМОБИЛОТ КАЈ ПРИЛЕПСКИТЕ АВТО-ЕЛЕКТРИЧАРИ НЕМА. ПРАШУВАМ ЗОШТО?! ВЕЛАТ СЕКОЈ ВТОР КОЈ ДОАЃА БАРА ЗАМЕНА НА СВЕТЛА ОД ФАРОВИТЕ. АМАН ВИКАМ И ПРАШУВАМ ТОЛКУ ЛИ СЕ КВАЛИТЕТНИ СИЈАЛИЦИВЕ ШТО ИМ ГИ ,,ШИТКАТЕ“ НА ЛУЃЕВО?! НE !!! КАТЕГОРЕЧНИ, ПА ДУРИ И НЕРВОЗНО ВЕЛАТ ТИЕ. ПРОБЛЕМ СЕ УЛИЦИТЕ И УДАРНИТЕ ДУПКИ ВО ГРАДОВ. ЖИВ ЧОВЕК НЕМА ШТО Е ЗАИНТЕРЕСИРАН  ДА ГИ САНИРА  ДУПКИТЕ. ЕДЕН ПАК ШТО ЧЕКА РЕД ВЕЛИ: ДУПКИ, КАКВИ БАКРАЧИ, ОВА НЕ СЕ ДУПКИ-ЦЕЛИ КРАТЕРИ ИМА!!! ОСОБЕНО КОГА ВРНЕ СЕ ПОЛНАТ СО ВОДА И НИШТО НЕ СЕ ГЛЕДА. ПО ОВА АВТО-ЕЛЕКТРИЧАРОТ ДОДАВА: ВИДЕТЕ КАЈ АВТОМАХАНИЧАРИТЕ, КОЛА ДО КОЛА ЗА ЗАМЕНА НА ЈАБУЧИЦИ, СТАБИЛИЗАТОРИ, АМОРТЕЗЕРИ!
  • ГО СЛУШАМ РАЗГОВОРОТ И СИ ВЕЛАМ И НА ЛУЃЕВО МУ СТАНУВА ЈАСНО ДЕКА СЕ’ ШТО КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ПРЕД НОВА ГОДИНА, СЕ’ ИЗЛАЖА! ПОМИНА ДОЧЕКОТ НА НОВА ГОДИНА, А И ПРАВОСЛАВНА СТАРА НОВА ГОДИНА. ПОМИНА И ВОЈОРДАНЕ. А ПОМИНУВА И ПРВИОТ МЕСЕЦ ОД ОВАА 2023 ГОДИНА, АМА ОД НАЈАВЕНАТА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА НИШТО. А ГРАДЕЖНИЦИТЕ ВЕЛАТ – ИМАВМЕ ИДЕАЛНО ВРЕМЕ ЗА ПОЧЕТОК НА НАЈАВЕНИТЕ РЕКОНСТРУКЦИИ, САНИРАЊА И ПРОШИРУВАЊА НА УЛИЦИТЕ. А, ЗА ИСПРАВНОСТА НА  СЕМАФОРИТЕ  ДА НЕ СПОМЕНУВАМ. И ДОДЕКА СЕ ЧЕКА НЕКОЈ ДА РЕШИ ДА СЕ САНИРААТ НАЈКРИТИЧНИТЕ УДАРНИ ДУПКИ ОД НАЈФРЕКВЕНТНИТЕ УЛИЦИ ВО ГРАДОВ, БОРЧЕ ТИ ,,ЛИДНАЛ“ ДО ВИЕНА. СИ ВИКАМ: БРАВО ГРАДОНАЧАЛНИЧЕ! ГИ СРЕДИ ОСНОВНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ГРАДОВ, СЕГА СИ РЕШИЛ СЛУЖБЕНО ДА ГО ПОСЕТИШ  ГЛАВНИОТ ГРАД  НА АВСТРИЈА. ИСКРЕНО, МНОГУ ГОЛЕМА ЖЕЛБА МИ Е ДА ЗАСТАНЕ БАРЕМ МИНУТА, ДВЕ  ВО ЦЕНТАРОТ НА ОВОЈ ГРАД И ДА СИ ЗАМИСЛИ КАКО БИ БИЛО АКО БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ БИДЕ ТАТКО НА ОВОЈ ГРАД И КАКО БИ МЕНАЏИРАЛ СО НЕГОВИТЕ МЕНАЏЕРСКИ СПОСОБНОСТИ ДОКАЖАНИ И ПОКАЖАНИ ВО ИЗМИНАТАВА ГОДИНА.

 

  • 42 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БАЛКАНСКАТА ПОП ЅВЕЗДА ТОШЕ ПРОЕСКИ ДОСТОЈНО И СЕГА  Е ОДБЕЛЕЖАНА ВО НЕГОВОТО РОДНО КРУШЕВО. КАКО ДОЛГОГОДИШЕН НОВИНАР И УРЕДНИК НА КАНАЛ 5 ВО ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОТКАКО ТРАГИЧНО ЗАГИНА КАЈ НОВА ГРАДИШКА ИМАМ ПОДГОТВЕНО СТОТИНА  ИЗВЕШТАИ И РЕПОРТАЖИ ЗА ТОШЕ. И СО ТАКВО ИСКУСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ  ,,НЕ ЗНАЕВ“ ДЕКА ТОШЕ ТИ БИЛ РОДЕН 1981 ГОДИНА ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА. СЕ МИСЛЕВ ДЕКА ПРОЕСКИ Е РОДЕН НА МАРС?! АМА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН РЕСПЕКТАБИЛЕН ПРИЛЕПСКИ ПОРТАЛ ДУРИ СЕГА НА 25 ОВОЈ МЕСЕЦ ГО РАЗБРАВ ОВОЈ ЗНАЧАЕН ПОДАТОК. СЕКОГАШ КОГА СУМ ПИШУВАЛ ЗА ТОШЕ, ПА ДУРИ И КОГА СУМ ПРАВЕЛ ДЕТАЛНИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА И СЕ’ ШТО Е ПОВРЗАНО СО ТОШЕ ИМА ЕДНА РАБОТА ШТО НИКОГАШ ДО СЕГА ЈА НЕМАМ НАПИШАНО И СПОМЕНАТО, НО Е ИНТЕРЕСНА И ЗА ПРИЛЕП И ЗА ПОЧЕТОЦИТЕ НА ПРОЕСКИ. МНОГУМИНА ЗНААТ И ПАМЕТАТ, А МАЛКУМИНА СЕ СЕЌАВААТ ДЕКА ПРВИОТ ЈАВЕН ТЕЛЕВИЗИСКИ САМОСТОЕН НАСТАП НА ТОШЕ ПРОЕСКИ БЕШЕ ВО НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА 1996/1997 ЈА СНИМИ ТЕЛЕВИЗИЈА ПРИЛЕП ВО РЕСТОРАНОТ ,,ЧЕ“ НА ПЛЕТВАР. ГАЗДИТЕ НА ОВОЈ РЕСТОРАН, КАМЕРМАНИТЕ НА ТВ ПРИЛЕП ОЛИВЕР АНГЕЛЕСКИ И РАДЕ ДАМЈАНОВСКИ, РЕАЛИЗАТОРОТ МЕНДЕ ИВАНОСКИ, ТОН МАЈСТОРОТ СЛАВЕ ЗАРЕСКИ, МОНТАЖЕРОТ ВЛАТКО ЛУКАРОСКИ И ДРУГИ ОД ГОЛЕМАТА ЕКИПА ШТО ГО РЕАЛИЗИРАШЕ ОВОЈ ПРОЕКТ СО ЕМОЦИИ СЕ СЕЌАВААТ НА ОВОЈ НАСТАН. ПОКРАЈ МАРИЈАНА МИШЕВА, ПОКОЈНИОТ ГОЦЕ АРНАУДОВ, ПЕТАР НЕЧЕВСКИ, НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ И ДРУГИ РЕШИВМЕ ДА ГО ПОКАНИМЕ И ТОШЕ, ИАКО БЕШЕ  УЧЕНИК ВО СРЕДНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА. ВО СВОЈСТВО НА ПРОДУЦЕНТ И ОРГАНИЗАТОР  ЛИЛЈАНА СИЛЈАНОСКА – ПУРДЕСКА ИМАШЕ ОБВРСКА ПО СЕКОЈА ЦЕНА ТОШЕ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ТВ СПЕКТАКЛ. ГОЛЕМ ТВ ПРОЕКТ  ШТО ГО РЕЖИРА НАШИОТ СОГРАЃАНИН, ТОГАШ РЕЖИСЕР ВО МТВ ДУШКО ЃОРЃИОСКИ. ПО ДОЛГИ УБЕДУВАЊА ТАТКОТО НА ТОШЕ, НИКОЛА, ДОЗВОЛИ. ПА СО ЕДНА ОД ДВЕТЕ КОЛИ НА ТОГАШНОТО ПРВО ТАКСИ ВО ПРИЛЕП ,,ДЕНИ ТАКСИ“ ГО ЗЕДОВМЕ, А ПО ЗАВРШУВАЊЕТО СО СНИМАЊЕТО НА ЕМИСИЈАТА ВО ТАА ЗИМСКА СТУДЕНА И СНЕЖНА НОЌ ГО ВРАТИВМЕ ТОШЕ КАЈ НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ. УШТЕ ТАА ДЕКЕМВРИСКА НОЌ МАРИЈАНА МИШЕВА НИ РЕЧЕ: ИЗБОРОТ НА ОВА МЛАДО МОМЧЕ ВИ Е ОДЛИЧЕН, ТОЈ ЌЕ БИДЕ ГОЛЕМ ПЕЈАЧ И ЧОВЕК.

Би можело да ве интересира

Мудар народ, но во генот мирен и послушен

Елизабета Филипоска

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (57)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (32)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе