Започнува реализацијата на Проектот за развој на социјални услуги за помош и нега во домот за подрачјето на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, поддржан од Министерството за труд и социјална политика. Општина Кривогаштани во соработка со Здружение на Граѓани Центар за развој и едукација Прилеп, за потребите на Проектот денеска, 6 ти февруари објави:
ЈАВЕН ПОВИКза учество во обука за негуватели за помош и нега на стари лицаГи повикуваме сите лица кои се заинтересирани да земат учество во бесплатната обука преку која ќе се стекнат со практично и теоретско знаење за квалитетно и успешно испорачување на услугата за помош и нега во домот да аплицираат во периодот од 06.02.2023 до 15.02.2023 година.Заинтересираните лица потребно е да ги исполнуваат следниве критериуми и да ги достават следниве податоци:– Да се државјани на Р.С.Македонија;– Да имаат над 18 години;– Да имаат завршено најмалку основно образование;– Да имаат општа психо-физичка способност за работа;– Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Центар за развој и едукација Прилеп;По завршувањето на обуката да бидат подготвени за пружање на помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домашни условии и да бидат вклучени кај Давателот на услуга во период од 12 месеци.Обуката ќе се изведува според верифицирана Програма за негуватели, со што кандидатите ќе се стекнат со верификуван и меѓународно признаен сертификат за Негувател на стари лица.Повикот е отворен до 15 февруари 2023 година.Сите лица кои се заинтересирани потребно е да се пријават најдоцна до 15.02.2023 година на следнава е-маил адреса [email protected]Пријавувањето исто така може да се изврши и во Архивата на Општина Прилеп, Кривогаштани и Долнени преку пополнување на образец Пријава за учество на обука, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот (контакт лице од општината Дејан Киселоски тел. 078 308 964 ). Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите наведени во овој повик ќе бидат повикани на индивидуално интервју.