20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Општините ќе се вклучат во помагање на семејствата настрадани во земјотресот во Турција

Македонија и Македонците се на нога по вестите за катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Од сите страни се упатуваат молитви за настраданите и побрзо заздравување на повредените.

Никој не остана рамнодушен на страшните слики од погодените градови. Граѓаните повикуваат на солидарност и хуманост. Македонија од секогаш знаела да подаде рака и помогне

Претседателoт на ЗЕЛС, апелирше за солидарност до градоначалниците на сите општини во Република Македонија за помош за семејствата погодени од разорниот земјотрес во Турција. „Сега е момент кога секој, согласно своите финансиски можности треба да ја покаже својата благородност и на дело да докаже дека хуманоста и солидарноста со кои не’опишуваат биле и остануваат наша движечка сила!“ велат од ЗЕЛС

Општина Кисела Вода, веќе поднесов иницијатива до Советот за обезбедување на финансиска помош од 500.000,00 денари за погоденото население од Турција и Сирија.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода  и преседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски се надева  дека овој чекор ќе го следат сите останати градоначалници во Македонија. Се очекува и  Советот на Општина Прилеп да свика итна вонредна седница на Совет за носење одлука за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што зафати делови од Туркије и Сирија.

Македонските граѓани веќе на социјалните мрежи даваат поддршка и упатуваат апел за помош, а веднаш се отворија и телефони за донација, а се објавија и сметките на Црвениот крст. Еве како може да донирате.

  • На телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1 – Донација од 100 денари со повик.
  • Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

Бројот на загинати во денешниот катастрофален земјотрес во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 2.300, од кои речиси 1.500 низ десет турски провинции. Се очекува бројките значително да пораснат во услови кога голем број луѓе остануваат заробени под урнатините.

Би можело да ве интересира

Подмирување на сметките е проблем на секое трето семејство во Македонија

Гордана Цветаноска

Прилепските пожарникари спасиле осумчлено семејство, меѓу кои и три деца

Нема откуп и протести до петок, кога ќе се бара решение меѓу тутунарите и откупувачите во ресорното министерство

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе