3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Отворена изложбата со над 500 маски изработени од учениците

Започнаа настаните поврзани со карневалот „Прочка“ во Прилеп. Денеска во ЦК Марко Цепенков беше отворена изложбата на маски на која се претставуваат неколку стотини рачно изработени маски од учениците во основните и средните училишта. Изложбата ја отвори градоначалникот Борче Јовчески кој ги пофали учениците и нивните ментори за  заложбите околу креациите создадени по повод карневалот за традиционалниот православен празник Велики Поклади – Прочка.

Со традиционалната изложба на маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска започна карневалската магија која ќе кулминира в недела со централното дефиле за Прочка 2023. Преку овој специфичен и креативен начин со изработка на маски се поттикнуваат младите да ја негуваат и чуваат нашата вековна македонска традиција, посочи градоначалникот Јовчески.

Жири комисијата во состав Методи Исков, Маја Најдовска и Анита Сотироска ги избраа најдобро рачно изработените традиционални маски:

ГРАН ПРИ: 

Изабела Талевска – О.О.У. Кирил и Методи с. Подмол

Категорија 6 -7 одделение:

1. Матеј Тодоров – О.О.У. Блаже Конески

2. Иле Наумоски – О.О.У. Добре Јованоски

3. Марија Талеска – О.О.У. Климент Охридски

Категорија 8 – 9 одделение:

1. Михаела Јованоска – О.О.У. Пере Тошев-Канатларци

2. Сара Блажеска – О.О.У. Кире Гаврилоски

3. Евгенија Димитриовска – О.О.У. Гоце Делчев

Категорија Средни училишта

1. Андреј Бошески С.О.У. Ѓорче Петров

2. Даниел Главчев С.О.У. Ѓорче Петров

3. Димитар Талески С.О.У. Ѓорче Петров

Специјална награда:

1. Учениците од второ 2 од О.О.У. Климент Охридски

 

Би можело да ве интересира

Од 14 – 17 ти месецов, трет „OUTLET Weekend“ во Прилеп

Пела Редакција

И, 15-тина прилепски фирми добиле државна помош, а не им исплатиле плати на вработените

Елизабета Филипоска

Едно одделние деветтолетка во целосна изолација поради ковид

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе