3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

115 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев – датумот го одбележа ДНУ-Прилеп

ДНУ (Друштвото за наука и уметност) -Прилеп, во градската библиотека „Борка талески“ пригоднo ја одбележа 115-ет годишнината од загинувањето на македонскиот народен револуционерен деец Гоце Делчев, основоположниокот на идеите за слободна, независна и суверена Македонија. На трибината,Гоце Делчев – Апостол во срцето на револуционерна Македонија”  во присуство на членовите на ДНУ –Прилеп и ученици средношколци, од Гимнзијата „Мирче Ацев “   членовите на клубот на литературни творци со  изнесување на свои лични творби  го пренесоа  значењето на слободата, значењето,  улогата и делото на Гоце Делечв, говорејќи и за почитување на татковината и нејзиниот слобода .

Историски осврт за жиотот, ликот и  делото ,како и за револуционерната активност на Гоце Делчев, говореше прф. по историја од СОУ “Кузман Јосифоски –Питу, Татијана Златеска, која меѓудругото  истакна

„Од август 1901 до март 1902 година Делчев ги обиколил и комитетите во централниот и во западниот дел од Македонија. Тој исто така го предводел конгресот на Одринскиот револуционерен округ одржан во Пловдив, во април 1902 година, а потоа Делчев презел обиколка и во централните Родопи. На крајот од септември жестоко го осудил Горноџумајското востание. Делчев го отфрлил решението на Солунскиот конгрес од 1903 година за кревање востание и со чета заминал во внатрешноста на Македонија со раководните кадри да издејствува повлекување на решението за масовно востание. Во април, во Солун се сретнал со Даме Груев, кој штотуку се вратил од заточение, двајцата се договориле востанието да се води со засилени четнички дејствија и терористички акции.Од Солун се упатил за Серско на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ. Пристигнал во селото Баница, Серско на 3 мај. Војската го опколила селото и во борбата утрото загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.

Гоце Делчев е еден од столбовите на самостојноста на македонското ослободително дело. Тој секогаш, бескомпромисно стоел на браникот, на самостојната и самобитноста на македонското национално ослободително движење. Тој е трибун на македонската самостојност и самобитност. Делчевиот идеал е “Слобода на независна Македонија, со широки права на сиромашното население”. велет од ДНУ-Прилеп нагласувајќи дека секогаш ќе ги бележат значањите историски датуми,како и делата на големите македонски дејци

„Денеска го одбележуваме 4 –мај , датумот на загинувањето на големиот македонски револуционер и деец за слободна Македонија  Гоце Делчев. Денска се наврѓуваа 115  години од смрта на револуионерот,на то аголемо име  и  сакаме  да порачаме од оваа средба дека ваквите  великани, она што тогаш го правеле, она што како  дело го оставиле, зборовите, мислите и денска постојат и опстојуваат  и овие убави зборови кои денска ги слушнавме од  членовите на клубот на литературни творци, навистина ја облагородуваат душата   и  ни порачуваат дека слободата , убавините кои денска ги ужвиаме  во оваа наша  слободна Македонија се скапо платени со крв  и тоа  не треба никогаш да го заборавиме.,осовено не помладите генерации .  Имиња дела и зборови кои  осанале длабоко врежани во историјата никогаш не треба да ги заборавиме,тоа се дел од наша историја, и потеребно е да ги паметиме, сите ние, а посебно поколенијата  кои  после  нас .-рече Претседателот на ДНУ – Прилеп, д-р Силвана Пашоска

Инаку,  Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев  роден е  во Кукуш, 4 февруари 1872 – загинува предавнички во Баница, 4 мај 1903) .Тој е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење

 

 

Би можело да ве интересира

Македонско-турска компанија отвора рудник за мермер во Прилеп и Долнени.Што добиваат општините од оваа инвестиција?

Елизабета Филипоска

Илинден во чест на Свети Илија – пророк кој го пали и гаси небото

Гордана Цветаноска

Европски денови на културно наследство – повеќе настани во организација на Завод и Музеј Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе