11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

На 83 години почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, чиј моќен глас и динамични танцови движења и ја донесоа круната на кралицата на рокот во текот на 60-годишната кариера, почина денеска на 83-годишна возраст.

Легендарната пејачка почина по долго боледување во нејзиниот дом во близина на Цирих во Швајцарија, јавуваат светските агенции.

Таа во последните години имаше здравствени тешкотии, а ѝ беше дијагностициран рак на цревата во 2016 и имаше трансплантација на бубрег во 2017 година.

Ѕвездата родена во Соединетите Американски Држави беше една од омилените рок пејачки, позната по харизмата на сцената и низата хитови вклучувајќи ги „Simply The Best“, „Proud Mary“, „Private Dancer“, „What’s Love Got to do With It“…

Тина Тарнер, родена како Ана Меј Булок во Тенеси на 26 ноември 1939 година, беше американска соул, ритам и блуз, денс, диско, поп, рок пејачка, глумица, танчерка и кантавторка. Има осум „греми“ награди, а магазинот Ролинг стоун ја стави на листата Бесмртници – најголемите изведувачи на сите времиња.

Тарнер ја засили улогата на црнкињата во рокенролот, дефинирајќи ја таа ера на музиката до таа мера што Мик Џегер призна дека бил инспириран од нејзините силни, енергични настапи во живо за својата сценска личност. По двете децении работа со својот насилен маж Ајк Тарнер, таа почна соло кариера и, по неколкуте неуспеси, стана една од клучните поп и рок икони во 1980-тите со албумот „Private Dancer“.

Нејзиниот живот е раскажан во три мемоари – биографски филм, џубокс мјузикл и во фалениот документарец „Тина“ од 2021 година.

Би можело да ве интересира

Промоција и попусти во Аптеки 2005 Вива Фарм во Прилеп и Кривогаштани

Гордана Цветаноска

Музички филиграни 3

Никола Димески

Македонската фолк дива Стефановска со “горчлив шеќер” ќе ги облажи фановите

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе