11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Витаминка ги вработи првите кадри со дуално образование од профилот за индустриска мехатроника од СОУ Ристе Ристески Ричко

Тројца кандидати, од првата генерација ученици запишани на образовниот профил за дуално стручно образование по германски модел, добија вработување во Витаминка. Избрани се ученици кои на насоката Техничар за индустриска мехатроника, во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп, покажаа особен успех, интерес и иницијатива за работа во ова поле. Со влегување во Витаминка, тие го започнуваат својот професионален пат, во услови што веќе им се познати и за кои што поседуваат почетни потребни квалификации. Витаминка е поддржувач на процесот за имплементација на дуалното образование со цел примена на докажани и корисни практики во образованието и индустријата. Компанијата ги отвори вратите за учениците и преку моделот на практична работа ги оспособи во едуцирани технички кадри што се подготвени за пазарот на трудот.

Витаминка е поддржувач на процесот за имплементација на дуалното образование со цел примена на докажани и корисни практики во образованието и индустријата. Компанијата ги отвори вратите за учениците и преку моделот на практична работа ги оспособи во едуцирани технички кадри што се подготвени за пазарот на трудот.

Во изминатите неколку години, почнувајќи од втора година, пет ученици од првата генерација беа вклучени во практична настава во компанијата. Во втората година од средното образование учениците доаѓаа осум часа во неделата на практична настава, додека во наредните две години учениците имаа по шеснаесет часови организирана практична настава поврзана со образовниот профил, реализирана од сертифицирани ментори.
Учениците имаа уникатна можност да се запознаат со процесите на работа, практично да ги совладуваат наставните единици и активно да партиципираат во одредени активности кои што се од значење за нивното стручно оспособување. Во текот на учењето, компанијата обезбеди соодветен надоместок и други потребни услови за успешно спроведување на наставата.
Витаминка АД Прилеп продолжува активно да партиципира во програмата за дуално образование, обезбедувајќи практична настава и целосна поддршка уште на петнаесетина други ученици од профилот Техничар за индустриска мехатроника.

Би можело да ве интересира

Жителите од еколошко подрачје Порече отсечени од главниот град на државата

Кабел Нет ДОО од Прилеп има потреба од МОНТЕР од Општина Кривогаштани

Се засилува откупната тутунска кампања – сите 9 компании започнаа со преземање на производството

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе