1.8 C
Прилеп
четврток, 23 јануари, 2025
Пела Радио

Трибина на министерот Николовски со земјоделците во Прилеп

Во Центарот за култура Марко Цепенков Прилеп, вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски одржа трибина со земјоделците од општина Прилеп. Покрај министерот Николовски, на трибината учествуваа и пратениците Хари Локвенец и Кети Смилеска, градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски, раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп Зоран Пачешкоски и други гости.
Во преполната сала од Центарот за култура, земјоделците од прилепско разговараа за моменталната состојба во земјоделството, а воедно упатија и одредени забелешки и прашања поврзани со тутунопроизводството, поледелството и овоштарството, исплатата на субвенциите, административните бариери поврзани со добивање на државната финансиска поддршка.
– Во календарот за исплата на субвенциите за тутунопроизводство, оваа година зголемени сукцесивно во три категории 80, 70 и 60 денари за ланската реколта планирано е подмирување на обврската кон земјоделците во април. Тоа ќе биде неколку милиони евра повеќе пари кои државата ги оддвојува за ова производство, кои што ги враќаме назад кон граѓаните. 23 илјади семејства егзистираат од ова производство, вредноста на откупениот тутун е над 80 милиони евра, со субвенции од околу 28 милиони евра, тоа се некаде околу 108 милиони евра кои се доход на тутунопроизводителите. За нас како Влада тутунот е стратешка култура која што е извозно ориентирана од која што се обезбедуваат над 100 милиони евра прилив и треба да бидете сигурни дека ќе продолжи оваа политика на субвенционирање, се со цел да ви дадеме силен поттик за квалитетно производство на тутун, а тоа ќе го правиме и со другите земјоделски производи, потенцираше министерот Николовски.
Најголем дел од прашањата од земјоделците се однесуваа на откупните цени за поедини култури, особено за тутунот и доближувањето на цените по класи кои би биле содржани во договорите за наредната реколта, идните планови на Владата и министерството за поконкурентно земјоделство. Министерот Николовски потенцираше дека продолжува заложбата на Владата за развој на земјоделството.

Би можело да ве интересира

Неуморните преселници

Гордана Цветаноска

MEЃУ НАЈМОЌНИТЕ ТЕКСТИЛЦИ ЗА 2021 Е ПРИЛЕПСКАТА КОМФИ АНГЕЛ СО ОСТВАРЕН ПРИХОД ОД 38,7 МИЛИОНИ ЕВРА

Елизабета Филипоска

Вработените во Еурокомпозит во очекување на новиот менаџерски тим

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе