3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Поради високите температури од 13 – 16 јули бремените жени и лица над 6о години ослободени од работа

Од денеска, 13 јули 2023 година (четврток) почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, бидејќи сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.

Согласно усвоеното, Владата препорачува: Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години; Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот; Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Согласно добиените информации, Владата одлучи: Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките; Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот; Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници; Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11 часот.

Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од четири дена, од 13 – 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.

Би можело да ве интересира

Традиција : Незаборавна прослава на прилепските матуранти во центарот на градот (ВИДЕО +ФОТО)

Викендов започнува летното сметање на времето

Денеска муслиманските верници го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе