2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Во Тризла, Марино Маало, Кузман 3, Рид и Тапани утре, четврток, ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето

ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп преку соопштение информира дека утре, четврток, 27 јули, ќе имаат повеќечасовен прекин во водоснабдувањето повеќе населби во Прилеп. Како што се наведува, станува збор за инвестициски зафат на делот од водоводниот систем во градот. Соопштението го објавуваме во целост:

Почитувани сограѓани, во интерес на навремено информирање за водоснабдувањето во Општина Прилеп, како ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп Ве известуваме дека започнуваме инвестиционен зафат на дел од водоводната линија со дијаметар Ф400 која ја снабдува високата зона на град Прилеп.

Поради работните активности кои ќе се изведуваат на терен на 27.07.2023г. водоснабдувањето ќе биде во прекин од 07h до доцните попладневни часови во следниве населби: Тризла, Марино Маало,  Кузман 3, Рид и Тапани. 

Предвидувањата на тимот на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп се дека ќе бидат завршени работните активности во овој временси период но, доколку состојбата на терен е поинаква, како јавно претпријатие ќе излеземе со  дополнителна информација за очекувањата за нормализирање на водоснабдувањето во овие населби.                                                Придобивките од оваа инвестиција ќе бидат во подобрување на водоснабдувањето на град Прилеп со технички подобрена водоводна мрежа и континуирано водоснабдување во сите делови на градот.

Повикуваме на разбирање и трпение на жителите од овие населби во текот на изведувањето на овој проект, се вели во соопштението од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Би можело да ве интересира

(Фото + видео) Алабаковски воодушеви со својата изведба на платото во храмот Св.Петка

Елизабета Филипоска

Мало Коњари 9 години чека канализационен систем со функционална пречистителна станица!

Не носење маски на отворено, дозвола за свадби, публика на стадионите – се новите мерки кои ги предлага Комисијата!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе