21.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Мотоциклисти возат и без возачка затоа 8 биле исклучени од сообраќај 

Вчера биле  санкционирани 40 возачи на мотоцикли на подрачје на СВР Битола ,а исклучени 8 мотоциклисти од сообраќај.
Во текот на  вчерашниот ден ( 25.07.2023) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 40 возачи. Од нив, 30 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 8 возеле без возачка дозвола, 1 мопед бил со измината важност на осигурителна полиса….. За време на контролата санкционирани се и други видови на сообраќајни прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од СВР Битола

Би можело да ве интересира

Полицијата во голема акција – во Прилеп се апсат дилери на дрога

Едно лице загина – во прекин сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Ресен поради сообраќајка

Пела Редакција

Втора, овој пат, лажна бомба, во истото кафуле во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе