8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) Со марш и песна прилепските пензионери четврт ден протестираа

Марширајќи на улица, со песна од поранешниот хотел Липа до споменикот Карпалак, прилепските пензионери и денеска, четврт ден, го изразија револтот од ниските примања, кои како што велат не се доволни ниту за преживување, а камо ли за пристоен живот. Иако најавен уредно, протестот не беше соодветно обезбеден од полицијата.  Но, тоа не беше проблем за пензионерите кои со транспаренти и песна достоинствено маршираа по булеварот Гоце Делчев. „Земјо македонска…“ „А бре Македонче“, „Гоце војвода“ ечеше во центарот на Прилеп.

Со достојна почит маршот заврши со полагање на свежо цвеќе пред споменикот Карпалак по повод – 22 години од погибијата на десеттемина прилепски бранители кај месноста Карпалак во воениот конфликт 2001 вата година. И денеска пензионерите во Прилеп не остварија средба со претседателството на здружението. Протестите започнаа на 3 ти август, а продолжуваат секој ден, од 10 часот пред седиштето на здружението во центарот на градот.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

„Комуналците“ се пофалија со чистењето на Градската река

Гордана Цветаноска

Започнаа разговорите за откупната цена на јачменот и пченицата

Здружение „Избрани од бога“ : Државата нема слух за лицата со посебни потреби!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе