11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Министерката Тренческа на средба со претседателката на СП Трајкова и од здруженијата на пензионери од Прилеп, Штип и Охрид

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по вчерашните протести на пензионерите и средбата со одборот на пензионери кои ги соопштија барањата во однос на пензиите, денес одржала состанок и со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. На состанокот биле присутни претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова и претседателите на здруженијата на пензионери од Прилеп, Штип и Охрид, стои во информацијата на официјалната страна на Министерството за труд и социјална политика:

Тренчевска посочи дека во изминатиот период Mетодологијата за пораст на пензиите и мерките за поддршка на пензионерите кои се дел од ранливата категорија на граѓани се донесени заедно со Сојузот на пензионери. Таа истакна дека работата на министерството за труд и социјална политика со Сојузот во изминатиот период не беше во мирување туку напротив во континуитет се работи на решение за утврдување на износ на минимална пензија.

На средбата од страна на присутните беше заклучено формирање на работна група која ќе биде составена од претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од Владата и Сојузот на пензионери и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.

Работната група треба да предложи решенија кое ќе бидат одржливи во однос на утврдување на износот на минимална пензија, но и за други видови на пакети мерки за помош и поддршка на пензионерите. Работната група треба да работи на решенија кои ќе бидат одржливи, кои не ја нарушуваат стабилноста на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и кои пред се ги почитуваат потребите на пензионерите.

Министерката посочи дека во периодот кој што следи ќе се интензивираат средбите со пензионерите во сите градови во државата. Според неа тоа ќе биде можност за давање на предлози кои ќе бидат основ во креирање на решенија и предвидување на потребните законски измени за барањата да бидат реалност.

Тренчевска на крајот од средбата истакна дека Министерството ќе вети само исполнување на решенија кои навистина ќе можат да се спроведат, затоа што според неа зборот даден кон граѓаните секогаш треба да биде целосно реализиран.

Би можело да ве интересира

Невреме се приближува – можни се излевања на каналите

Елизабета Филипоска

Во Комбинатот одбележан 4 ти април – Денот на тутунските работници

Гордана Цветаноска

Одбележани 80 годишнината од смртта на народниот херој Борка Талески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе