5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Сопругата на Деркоски стана сопственик на еден од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција

Сопругата на поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, Донка Деркоска, стана еден од новите сопственици на едно од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција во Македонија, објави порталот фактор.мк .

Покрај основачот Навико Шипинг, сега нови сопственици се и Деркоска и две фирми од Кипар. Од она пак што може претходно да се прочита за сопругата на поранешниот пратеник и директор на македонски железници е дека била вработена во јавна установа за згрижување на деца во Скопје.

„Блу Белл Складиште“ е релативно нов логистички центар во Скопје, воедно и единствениот контејнерски терминал во границите на Р.С. Македонија. Блу Бел располага со површина од 41.332 м2 , железничка пруга од 799 метри и капацитет за сместување на 915 TEU контејнери.

Инаку Деркоски минатата година беше назначен за директор на депото на „Блу Бел“ во Гази Баба, претходно во сопственост само на  „Навико Шипинг“, компанија специјализирана за бродско-контејнерски транспорт на стоки за Македонија која е највисоко рангирана во регионот. Второто депо на оваа компанија е во Гевгелија на самата граница со Грција.

„Навико Шипинг“ има повеќе од 2000 клиенти со промет од над 16.000 бродски контејнери годишно, а најмногу раководи со суровините што доаѓаат во земјава од Кина и Индија, при тоа градежни материјали, пластика, памук главно од и до пристаништето во Солун, според она што е претходно изнесувано во медиумите.

„Навико Шипинг“ им овозможува на своите партнери да не ги преземаат контејнерите од пристаништето Солун, туку од депоата во Скопје и во Гевгелија. Компанијата е една од првите приватни и најголеми шпедитери во Македонија која е основана како семејна компанија во 1996 година. Опслужува и некои од Top Fortune Global 500 компаниите на листата. Има до 200 вработени а делокругот на работата е испорака со контејнери, посредување, изнајмување на бродови, царински формалности, операции во депо, транспорт и масовен товар.

Деркоски функцијата претседател на ДИК ја извршуваше до 2021, а по една година стана бизнис директор.

Извор: faktor.mk

Би можело да ве интересира

Маслото Брилијант поевтини за 40 денари

Гордана Цветаноска

ПО ЕДЕН ВЕК ФРАНЦИЈА СЕ ПОКЛОНИ НА ДЕЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ОНКОЛОГ Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ

Земјотрес ја затресе Македонија – епицентарот е во близина на Охрид

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе