7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вработените во Еурокомпозит во очекување на новиот менаџерски тим

По исплатата на ветената плата на вработените и преземените обврски за враќање на работните места и продолжување со производниот процес, сеуште е неизвесна судбината на Еурокомпозит 11 Октомври. Како што беше најавено, минатата недела линеарно на работниците од Еурокомпозит Владата им исплати по 10 илјади денари, со обврска да продожат со редовните работни задачи. Штрајкот е ставен во мирување и според претседателот на синдикалната организација Роберт Богданоски сите работници се на своите работници места. Наводно, в понеделник бордот на директори треба да одржи состанок на кој ќе присуствува и претставникот на државниот капитал. На овој состанок се очекува да се официјализира менаџерскиот тим на компанијата. Моментно, функцијата ВД директор привремено ја извршува Гоце Јагуриноски, кој е дел од вработениот кадар на компанијата повеќе од 2 децении.
Неодамна, Еурокомпозит ја посети бројна делегација од Турција составена од заинтересирани инвеститори од секторот на наменската , односно индустријата за производство на оружје. Владата, според најавите е во потрага по странски инвеститор со кој трајно би се решила судбината на Еурокомпозит, но и социјалните проблеми на 260 вработени, од кои наводно 100 треба да влезат во групата технолошки вишок.

Би можело да ве интересира

Невработеноста минато – сегашноста, нема работници

Елизабета Филипоска

КРИЗАТА „ИЗЕДE“ 60 ПРОЦЕНТИ ОД ДОБИВКАТА НА „ВИТАМИНКА“

Јакимовска: Во Комфи Ангел ЧОВЕКОТ ни е најголемиот капитал!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе