3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) „Бараме да си купиме лекови и парче леб, не сме партиски војници“, пензионерски протести во Прилеп

Се зголемува револтот на пензионерите од Прилеп кои веќе 18 ти ден протестираат барајќи линеарно покачување на висината на пензиите од 3 500 денари. На денешниот протест на крстосницата на кружниот тек кај Солидност тие ги повторија своите ставови во врска со барањето за рамномерно  зголемување на пензиите, но напоменаа дека и покрај уредно пријавениот протест во полицијата, која вчера се појавила со задоцнување за да ја обезбедува сообраќајницата,  се соочуваат со провокации поради кои ќе дојдело и до несакани инциденти.

  • Благодарение на ова општество, кое не’ натера на 40 степени овде во Прилеп и во цела Македонија, благодарение на нив, ако не не избркаа, и не си ги поделија фирмите ние досега ќе имавме над 50 години стаж и немаше да бидеме овде и да дремиме како одново стечајни работници за една корка леб.  И да не си играат со 6%, нека ни ги дадат нам тие 78% , тие ќе ги земат тие 6% пак да видиме како ќе поминеме, Рампо Котески, пензионер.
  • Би сакала да упатам еден апел до властите на Република Македонија. Еден месец се наоѓаме на улица. никој нема да ги слушне нашите барања. Ова е веќе трет ден во Прилеп како го затвораме кружниот тек кај Солидност. Вчера, за жал ќе се случеа два инциденти и можеше да се изгуби уште еден пензионерски живот, како што го изгубивме одејќи за Скопје. Затоа би го замолила Министерството за внатрешни работи – нашиот протест е најавен и одобрен од нивна страна, да бидат пристигнати на лице место. Затоа што каде доаѓаме со испиена терапија и стоиме на овие жештини и уште да бидеме провоцирани или изгразени не дај боже, стварно е гревота и страмота. На оваа денешна инфлација која што уште од некни ни е се’ веќе поткренато, овие 3 500 кои што ние ги бараме се мизерни пари, пари верувајте за едно преживување. Сите овде ја знаеме емисијата Срвајвер (Преживување). Е ние сме сега верувајте ми тој СРВАЈВЕР. Затоа би ги замолила сите останати пензионери од општина Прилеп и околните села, а ги има околу 11 илјади пензионери кои што се со минимални примања  да не се плашат, не е ова нити партиско, ниту верско, ова е барање на обични пензионери кои што бараме да си купиме лекови, парче леб, за хигиенски потреби и ред други работи кои што му се потребни на секој човек.Уште еднаш упатувам апел до Владата, до Премиерот, до Министерката еден месец да направиме замена со нашите пензии било тоа да се 12 илјади или 15 илјади и со нивната плата и да видиме како тие ќе го поминат месецот. Дали ние не знаеме математика или што е проблемот, тогаш нека ни одговорат. Затоа ги замолувам да не’ слушнат оти и ние сме граѓани на оваа држава. И ние сме жители, чесни, мирни, достоинствени, не сме дојдени овде за провокации. Не сме дојдени за кавги. Дојдени сме да го побараме она што ни следува. Нашиот протест е уредно пријавен и започнува од 9 и 30 до 10 и 30 часот. Кога ние пристигнавме полицијата не беше присутна и еден возач во толпата народ се обиде да помине и нормално настана гужва, сите сме нервозни, сите сме измачени, изреволтирани… Ако немаше растргнување помеѓу нас, навистина ќе имаше жртва. После 10 до 15 минути од гужвата, дојдоа 2 млади момчиња се претставија дека се инспектори во полиција, ги замолив да пријават и дојдоа тогаш полицијата. Додека не пријавија тие две млади момчиња, полицијата не беше пристигната. Се случи уште еден инцидент – возрасна жена со веспа ги истурка точаците, токму овде, каде имаше и луѓе и велосипеди, објаснува Вера Чакмакоска, пензионерка.     
  • Јас и’ се чудам на оваа наша министерка, нас пензионерите не’ прави луѓе од трет ред кои живеат во Македонија. Ние оваа Македонија ја градевме во времето, одевме по работни акции, по се’ , кога дојдоа тие на власт ни ги распродадоа фабриките, не’ оставија без работа, а сега оваа влада не’ уништи скроз. Како може министерката да каже процентуално зголемување на пензиите кога не смее процентуално да ги покачи. Ние овде што произведуваме незнам да ни даде таа процент? Ова е усогласување на животни трошоци кои трошоци за сите се исти. Кажува некаде 40% ги покачила пензиите, а не кажува колку се покачени цените?! Ние за 100 денари можевме да земеме 5 леба, а сега за 100 денари земаме 2 леба! Бензинот беше 40 денари сега е 90, маслото, сите животни трошоци се покачија, само пензиите и тоа оние малите останаа, бидејќи со оној процент наместо ние да одиме линеарно, таа разлика да си остани, таа направи тие со 30 000 да земаат 45, а ние со 10 000 да земаме 12 000 денари. Каква е таа нејзина човечност и правда. Уставен суд не е надлежен, се искажа. Сега овие си купуваат време, го дотераа народот до питачки стап. Утре ќе дојди револуција, не само ние, еве сега ќе штрајкува здравство, ќе штрајкува школство, иништија школство, уништија здравство, учебници децава немаат да учат, им ги скратуваат часовите, вели Милан Пирганоски.
  • Работев 40 години во производно дефицитарна фабрика од која имавме девизно извозен прилив од кој и државата земаше пари. По некоја волја европска, по некоја диктатура и наредба со сила мојата фабрика Микрон ја внесоа во загубари. Бев со виша школа, референт, ги знаев 10 000 позиции кога требаше да склопуваме 10 000 пили за Германија. Од тој профит земаше државава работа, а сега фабриките ги оставија на колена, нас не испуштија предвреме со минимални плати. Слушам госпоѓата Тренческа има некои надежи. Со верба во нејзе и во сите институции во Македонија да го убрзаат тој процес, да не чекаат, никој не не чека нас да влеземе в продавница без пари. Апелирам да се забрза процесот за решавање на нашиот случај бидејќи ги сметам дека се чеда на Македонија треба да се најде солуција и да се реши проблемов, вели Цветко Тренкоски, пензионер.
  • Имам еден апел до Владата: Пред тоа со Кацарска, комисија правеше за отворање на Уставот за да влезат Бугарите. Сега Маричиќ ни се заканува вчера пак, 80 000 евра ќе шетаат како белата мечка по градовите за да не’ убедуваат, а за пензионерите немаат по 3 и пол илјади да дадат пари?! Апел до Владата и до Премиерот, а не тој вели пари има, ама законот не давал. Порано ни велеше пари нема?!, вели Алекса Иваноски, пензионер.
  • Мене инспиративен за критика ми е Премиерот. Еве уште една критика: Господине Премиере, значи 80 000 евра ќе дадеш да не’ убедуваш дека е убаво да се промени Уставот на Македонија за да се внесат Бугарите?! Ве замолувам – гледајте каде се пензионериве!!! На 40 степени цел месец. Сега и ведднаш треба да ја формирате таа комисија, а не до крајот на годината. Сега и веднаш, а не да доаѓаат странци да не’ убедуваат дека треба да го смениме Уставот, а нас не тераат на уставен суд за нашите барања. Страм да му е, арам да му е!!!, вели Вера Стеваноска, пензионерка.
  • Прво ги повикувам сите пензионери на ниво на Македонија, посебно во Прилеп како иницијатор. Ние не бараме преку леб погача бре луѓе, ние бараме она достоинствено како пензионери, а не овде луѓе преку 70 години да штрајкуваат?! На овие луѓе местото им е да одморат, кафе да се напијат, што бараме ние овде? Вчера беше готово да се случи тепачка, немаше полиција, иако беше уредно пријавено за протестот. Како може така полицијава да се однесува? Од каде излегоа го прашувам министерот Спасоски. Обичната полиција не е виновна, виновен е тој што му наредува, а овде можевте да направите проблем? Ќе одговаат сите што сакаа овде да направат проблем на пензионерите. Му честитам на сите и да излеземе во поголема масовност, а на 20 ти септември ќе биде генералниот протест во Скопје.

Пензионерите со протестите продолжуваат се’ до остварувањето на барањата во вторник во 9 и 30 со блокирање на крстосницата на кружниот тек кај Солидност.

Би можело да ве интересира

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Пела Редакција

Ин мемориам: Почина проф. Тале Герамитчиоски

Елизабета Филипоска

Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ со фотоволтаици и термални колектори до ефикасна заштеда на енергија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе