11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Во Градската библиотека се отвора прва трајна поставка на дела од прилепските уметници

Библиотеката „Борка Талески“ утре, 8-ми септември, со почеток во 19 часот ја отвора официјално, првата трајна поставка на дела од прилепските уметници, прва во градот, во сопственост на Библиотеката.
-Во времиња кога повторно мораме да го докажуваме својот идентитет, како народ и држава, на Денот на независноста, кога чествуваме 32 години државност, независност, самостојност, мислам дека овој е одличен начин да потсетиме и потврдиме дека Градот Херој и Првоборец – Прилеп, има значајно учество во создавањето на нашата држава, во нејзиниот развој, опстој, но и во негувањето и создавањето на културното наследство кое што го дефинира еден народ и една земја. Збирката од 26 дела, еден мурал, уметнички слики работени во различни техники, скулптури во мермер, метал, дрво, комбинирана техника … за почеток од 23-ца автори, меѓу нив, репрезенти на уметничката авангарда на Прилеп, но и млади автори, кои допрва ќе се докажуваат и потврдуваат става повторно печат врз културните вредности кои како вруток извираат од Прилеп. Поставката е репрезентативна, и по отворањето граѓаните во секој работен ден во иднина ќе можат да ја посетуваат, да уживаат во убавините на ликовното творештво, во уметноста. Оваа поставка секако ќе има и своја улога во културниот туризам, вели Моника Талеска, директор на библиотеката, која што е автор на проектот.
За уметничките вредности на поставката ќе говори, Корнелија Конеска, извршен директор на галеријата „ОСТЕН“ – Скопје. На отворањето присутните ќе ги поздрави градоначалникот Борче Јовчески, кој е поддржувач и почитувач на културата, не само како градоначалник на Прилеп, град со исклучително културно наследство.
На денот на отворање на поставката, свој перформанс ќе има дуото: Андијана Дукоска – виолончело и Илија Волчески-саксофон.

Би можело да ве интересира

Прилеп втора општина по број на активни случаи

Гордана Цветаноска

Конституиран новиот Совет на општина Крушево

(Видео) На фестивалот ДАФ-Кочани најдобра претстава е „Чернодрински се враќа дома“ од МТЦ „Зона“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе