10 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

(Видео ) И, на Светскиот ден на правдата пензионерите протесираат, но правдата никако да ја добијат

Прилепските пензионери денеска излегоа на протест со блокада на една од поголемите сообраќајници во центарот на Прилеп, повторувајќи ги барањата за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите и решеноста дека нема да се откажат ниту од протестите ниту од барањата за достоинствен живот.

-Денеска е светски ден на правдата, но каква правда ние имаме? Душата ни ја испразнија, а ние се чувствуваме повредени, омаловажени, понижени. Празни сме како теглите што ги покажаа пензионерите. не може да се согласиме, ниту да се помириме со тавот дека ако е линеарно покачувањето на пензиите, ќе биле повредени оние со повисоки пензии. Бараме оставка од министерката за труд и социјална политика, изјави Билјана Шекероска од иницијативниот одбор на пензионерите.

– Со месеци протестираме, луѓето се разболија, а никој не сака да го слушне нашиот глас. Но ние не се откажуваме ниту од протестите, ниту од барањата, рече пензионерката Марија Ристеска.

Прилепските пензионери ги продолжуваат своите протести на различни локации низ градот. Апелираат на протести да излезат сите пензионери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО-ФОТО)Со изложба на маски од учениците започна карневалот Прочка 2025

Пела Редакција

Во општина Прилеп регистрирани 62.082 граѓани со право на глас

Пела Редакција

Деветтото издание на филмскиот фестивал Winter apricots започнува утре

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе