5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Божиќен ручек по традиционален 18 ти пат во Прилеп

Во Прилеп се одржа традиционалниот Божикен ручек за над 400 деца од цела Македонија под мотото „Едно небо за сите деца во светот“  по 18-ти пат. Славењето на Христовото раѓање, на овој начин, во организација на Детската амбасада за сите деца во светот, трае веќе 18 години, а гости се деца од ранливи категории.

„Децата му се особени мили на Бога, бидејќи и самиот тој најпрвин бил дете. И ние, како возрасни треба да учиме од нив , оти тие се најчистите и најискрените божји созданија“, порача владиката Петар кој ја благослови празничната трпеза.

„Со раѓањето на Синот Божји во темната пештера која ја осветли и освети Бог, Христос Спасителот таму каде што ангелите пееа песна „Слава на Бога во висините, а на Земјата мир и меѓу луѓето добра волја и беше создадено светото семејство. Ете, по тој принцип и во тој дух и Ние денеска сме тука на ова поголемо семејство од собрани дечиња“, – кажа митрополитот г. Петар. ЛС од Прилеп, како и секогаш досега, овој богоугоден чин го поддржа со доделување на новогодишни колетчиња за сите присутни мали гости.

„Божик е празник на љубовта и хуманоста. Треба да помогнеме сите и во овие денови организитаме и неколку хуманитарни акции се’ со цел да им се помогне на оние на кои помошта им е неопходна“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

„Морам да кажам дека еуфоријата не’ понесе. Ова е 18-ти Божикен ручек, традицијата профолжува и се надевам дека ќе остане наследство на нашите поколенија. Имаме гости од Струмица, Тетово, од Куманово, нашите гостинчиња од Прилеп, од Крушево, од Битола. Среќни сме што денеска на заедничка трпеза ќе седнат дечиња од разни целни групи“, – посочи Александра Северкоска – Стојаноски, извршен директор на Детската амбасада „За сите деца од светот“.

Годинава, највисокото меѓународно признание „Орден за носител на мирот“ и’ беше доделено на Компанијата „Прилепска Пиварница“.

Извор: ТВ Алфа

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори на кои народот ќе си ја врати државата

Пела Редакција

Тутунарите протестираат – сообраќајот на Плетвар во застој до 16 часот

Гордана Цветаноска

Пензиите не може да се зголемат, платите на функционерите мора да се вратат – Институт за економски анализи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе