5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Локалните медиуми во изумирање поради лошата економско-социјална состојба – 70% од медиумските работници имаат примања под просечната месечна плата во Македонија

Лошата економско-социјална состојба на новинарите, плата под просек и во најголем дел на не исплаќања надоместокот за прекувремени работни саати или работа во празници, лошите работни услови… се само дел од проблемите со кои се соочуваат новинарите, особено во локалните медиуми и создаваат ризик за изумирање на локалните медиудми и загрозување на работничките права на новинарите и медиумските работници, кои треба да претставуваат чувари на демократијата во локалната заедница и да бидат креатори на  јавното мислење.

Деновиве поради лошите економско-социјални услови, се затвори уште еден медиум- прилепската радио станица „Радио 5 Чоки„, која зрачеше повеќе од 15 години,  со што, за жал, „изумре“ уште еден медиум во Прилеп од кој граѓаните се информираа за тековните настани и случувања во градот.( Деновие се затвори и  локалното Радио Зора- Делчево)

„Социо-економската независност и стабилност на новинарот/медиумскиот работник е основно за нивната професионалност и професионалните стандарди за нашата професија и влијае на интегритетот, рече Претседателот на ССНМ Павле Беловски, на конференцијата „ Социо-економската сигурност – услов за професионално новинарство“ која во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот РЕСИС се одржа во Скопје во присуство и на амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и во кои беа презентирани резултатите од истражувањето на оваа тема.

Статистиката вели дека околу половина од новинарите и 70% од медиумските работници имаат примања под просечната месечна плата во РСМ (37.065 денари, од мај-октомври 2023).

Најзагрижувачка е состојбата со локалните и регионалните медиуми!

Во вкупно 62 локални и регионални радио-станици редовно се вработени само 65 новинари. Секоја локална или регионална радио-станица вработува во просек по 1,05 новинари. Од вкупно попишаните 252 работни позиции кај локалните и регионалните радио-станици, 60,7% се хонорарни позиции. Од попишаните 177 новинарски работни позиции кај локалните и регионалните радио-станици, 63,28% се хонорарни позиции.

„Тој е на изумирање и отвора ризици за работничките права на новинарите. За овој супсектор е потребна нова стратегиска рамка и нова регулаторна политика“ –се вели во извештајот!

Ништо не е подобра состојбата и со локалните и регионалните ТВ станици:

Од вкупно попишаните 240 работни позиции кај локалните и регионалните ТВ станици, 58% се хонорарни позиции. Од попишаните 139 новинарски работни позиции кај локалните и регионалните ТВ станици, 61% се хонорарни позиции. Во вкупно 32 локални и регионални ТВ станици редовно се вработени само 54 новинари. Секоја локална или регионална ТВ станица вработува во просек по 1,69 новинари.

Инаку, вкупно во медиумскиот сектор попишани се 3.146 работни позиции.

Од нив 1.694 се новинарски позиции, додека 1.452 се позиции на медиумски работници.

Од вкупно 1.072 редовно вработени медиумски работници, дури 72,3% работат во МТВ и во телевизиите кои емитуваат програма на национално ниво.

-Онлајн медиумите вработуваат 20,2% од вкупно 1.039 редовно вработени новинари во медиумската индустрија се вели во  истражување на медиумскиот сектор амостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот РЕСИС во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“ финансиран од Европската Унија.

 

 

Би можело да ве интересира

На домашна слава 12 мина се затруле со скара од Прилеп

Гордана Цветаноска

Неисправна вода за пиење во повеќе јавни чешми во прилепско

Елизабета Филипоска

Поклон пред ликот и делото на Блаже Конески

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе