11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Доизградбата на манастирскиот водовод го чека стартот на градежната оператива

Поради временските прилики и одредени технички-плански доработки, изградбата на насушно потребниот манастирски водовод за манастирот „Трескавец“ стагнира. Со продолжување на активносите ќе се започне со стартото на градежната оператива, рекоа од ЈП ПУП  -Прилеп.

Инаку, почетните градежни активности  за водоводот започнаа  во август 2023 година, каде беше најавено дека за четири  месеци водоводот ќе биде изграден.

„Средствата се обезбедени од ТАВ Македонија, во висина од околу 100.000 евра, а со дополнителни 3 милиони денари учествува и Општина Прилеп. Се очекува изградбата да трае 4 месеци.“ истакна тогаш првиот човек на ЈКП Водовод и Канализација, Игор Гулабоски на прес конференција. Ќе остане да се бараат пари за мини пречистителна станица. Без овие зафати не може конаците да бидат ставени во употреба,“ беше истакнато на прес конференцијата.

Инаку, водоводниот систем е еден од условите за новите конаци да добијат технички прием, затоа што и покрај нивната изградба, тие повеќе од  три година  години не можат да примат посетители. Манастирот „Трескавец“ датира од 13-от век и е дел од националното културно наследство. Во 2013-та година на 04 февруари, беше зафатен од силен пожар, кој до темел ги пеплоса конаците. Огнената стихија ја одмина само манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“, а која претходно, со децении се распаѓаше. После пожарот, напоредно со возобновувањето на конаците, се пристапи и кон нејзината конзервација која е сеуште е во тек.

Би можело да ве интересира

Според народната: „Реков- одреков – важи- не важи!“- одлуките на Советот на Општина Прилеп!

Елизабета Филипоска

Започна вакцинацијата на лица над 77- За Прилеп 900 вакцини

Елизабета Филипоска

Ако го сакате Тоше Проески видео кое мора да го погледнете

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе