1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО)Незадоволните пензионери се здружуваат за остварување на правата

Македонските пензионери кои протестираа во сите градови незадоволни од висината на пензиите се здружуваат за заедничко настапување пред министерството за труд и социјална политика и институциите. Денеска во Прилеп, во собраниската сала се одржа координативна средба со претставници од иницијативните одбори од сите градови, со цел оформување на здружение кое ќе функционира за постигнување на: измени во легислативата и методологијата за пресметка на висината на пензиите, линеарно зголемување на пензиите во висина од 5 илјади денари и поголеми права од областа на здравствената заштита. Здружението на незадоволни пензионери на Република Македонија „Достоинствен живот“  ќе се конституира во Прилеп, а ќе функционира паралелно со Сојузот на пензинерските здруженија.

„Ние како пензионери ги бараме нашите права и се бориме за достоинствен живот. Линеарното зголемување од 5 000 денари малку од малку би ни помогнало во овие тешки услови. Покрај ова линеарно зголемување бараме и ослободување од партиципацијата за лекување за лицата над 62 години за жени и над 64 години за мажи,“ посочи Вера Јанческа, пензионерка од Прилеп, член на поранешниот Иницијативен одбор за протестите.

Пензионерите кои беа вклучени во протестите од цела Македонија, практично сега ќе членуваат во новото тело – Здружение преку свои посебни здруженија од градовите од кои доаѓаат.

Изјавите на следниот линк:

Би можело да ве интересира

🚲Вело тура за култура на 20 октомври-четврто издание

Пела Редакција

Повеќе прилепски улици без напојување со електрична енергија во вторник 16 ти јули

Одбележана 118 годишнината од раѓањето на Ченто

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе