11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Уредени паркови површини – одличје на Прилеп

Пролетва, комуналците имаат полни раце работа, поврзана со косење и чистење на вегетацијата во парковите и градското корито која прави големи проблеми доколку навремено не се реагира. Паралелно се средуваат и збогатуваат парковите во населбите.
Екипите на ЈКП Комуналец привршуваат со расчистување на коритото на градската река, за што имаше реакции од граѓаните за поедини делови во населбите низ градот Прилеп. Косењето на вегетацијата и чистењето на коритото е 20 тина дена порано во споредба со претходните години, велат од Комуналец. Покрај тоа, се работи на чистење и косење на поголемите паркови површини на Петта прилепска, во населбите Ѓогдере, Бончејца, Вишне, а се преуредуваат и помалите паркчиња низ градот.
– Кога дојдов на чело на Комуналец, увидов дека парковите биле запоставени. Особено најголемиот парк на Могилата. Сега самите граѓани можат да се уверат во каква состојба е овој парк. Денеска е беспрекорно уреден и чист. Во наредниве денови, пред почетокот на Пивофестот ќе бидеме насочени кон уредување на сите влезови во градот. Ние како општествено одговорно претпријатие вршиме услуга за граѓаните за тие делови кои не ни се опфатени со оперативната програма, бидејќи сме оформени од граѓаните и тука сме да одговориме на потребите од граѓаните, вели Звонко Јованоски, директор на ЈКП Комуналец.
Во тек е тендерот за набавка на урбана опрема кој го распиша Општина Прилеп. Најдоцна пред почетокот на Пивофестот со новата опрема ќе се збогати Паркот на Револуцијата – кој е еден од симболите на Прилеп.
Вкупната површина на новиот дел од паркот изнесува 26.161м2. Инаку, Прилеп вкупно располага со 250.000 м2 паркови површини.

Би можело да ве интересира

Прилепското езеро ќе прерасне во зона на активен туризам

Гордана Цветаноска

Два јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште

Гордана Цветаноска

Два часа без струја ќе останат компании кои работат во поранешна фабрика Партизанка

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе