-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Отворен ден на Армијата во Прилеп по повод 75 год. од формирањето на НАТО

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во соработка со локалната самоуправа, денеска со почеток од 15:00 часот на плоштадот Александрија во Прилеп организираат отворен ден за граѓаните. Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.

На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да се запознаат со артилериските системи и орудија од артилерискиот баталјон, вооружување, воената опрема и возила од повеќе единици, меѓу кои од пешадиските единици, баталјонот на воена полиција, баталјонот за врски и изидувачко разузнувачкиот баталјон.

Граѓаните исто така ќе имаат прилика да ги проследат борбените вештини на припадниците на баталјонот за специјални сили и алпинистичките вештини на ренџерите од составот на изидувачко разузнувачкиот баталјон.

Активноста ќе биде проследена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од локалната самоуправа.

Отворениот ден во Прилеп е дел од планираните настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Претходно, граѓаните на Струмица, Кавадарци, Штип и Тетово имаа можност да присуствуваат на овие настани, а вакви отворени денови следуваат во Скопје, Охрид и Кичево

Би можело да ве интересира

Жељко Јоксимовиќ на третата вечер од Пивофест

Гордана Цветаноска

Градоначалникот на терен – сеуште ни глас ни абер од исчезнатото дете

Елизабета Филипоска

Во Прилеп ќе продефилираат 50 гајдаџии – 50 години од Фестивалот „Пеце Атанасовски“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе