Кај манастирот „Св. Димитрија“ во близина на с. Селце, вработените од Прилепска Пиварница АД Прилеп денеска засадија 100 садници дабови дрвца како донација од Пиварницата по повод 100-годишнината од нејзиното постоење.
Оваа акција е продолжување на нашата постојана одговорност кон заедницата и нашата зелена агенда за заштита на животната средина, која е еден од главните приоритети на компанијата. Преку еколошка свест за заштита на почвата, воздухот и на водите и со континуирани активности во процесите на производство и инвестициите што ги правиме за намалување на емисијата на штетни гасови, отпадни води и намалување на грамажата на PET-шишињата што ги користиме“ – изјави генералниот директор на Прилепска Пиварница, г. Сашко Самарџиоски.
Ова е втора акција годинава на истата локација. На Денот на пролетта 21 ви март по иницијатива на 9 годишната Миа од прилепското основно училиште „Кочо Рацин“ со донација од Тила прилепската текстилна компанија за детска облека беа засадени 2 000 дрвца багрем и габер.