27.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Победа останува прволигаш!!!

Победа останува таму каде што и е местото – во Првата македонска фудбалска лига. Следната сезона клубот ќе продолжи во елитното друштво од како денеска го совлада велешки Борец со 2:1. Натпреварот за обезбедување на опстанокот се играше на стадионот „Младост“во Струмица.
Предноста од 2:0 Победа ја обезбеди уште во првиот дел со головите на Иван Ивановиќ во 8 мин. и на Виктор Велкоски во 29 мин. За намалување на водството се погрижи Кудијан во 56 мин. од второто полувреме, но тоа беше се што можеа да сторат фудбалерите на Борец. Победа имаше безрезервна поддршка од многубројните навивачи кои пристигнаа во Струмица, а славењето за обезбедување на прволигашкиот статус сигурно ќе продолжи и во Прилеп.
Честитки за успехот до фудбалерите и целото раководство на клубот и од екипата на Радио Пела.

Би можело да ве интересира

Победа го совлада Борец во Велес со минимални 0:1 (ВИДЕО + ФОТО)

ФОТО-ГАЛЕРИЈА „Марфил“ победник на светиниколскиот турнир во мал фудбал

На Прилеп му е потребна универзалната сала – спортистите едногласни за иницијативата (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе