5 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Утре стартува изборната кампања за претседателските избори: Пендаровски од Прилеп, Силјаноска Давкова од Скопје, Максим Димитриевски од Крушево

 Гордана Силјаноска Давкова,од Скопје, ќе ја започне кампањата за претседателските избори. Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат сите граѓани на митинг, утревечер пред Владата. Гордана Силјаноска Давкова ќе оди во нејзината кампањата за претседателските избори  со слоганот „Македонија повторно горда“.  Според неа, слоганот произлегол од „хроничната и акутна состојба со македонска демократија“ што зборува за слаба држава или држава во пропаѓање.

Претседателскиот кандидат од Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски, со неговата програмата „Манифест за Македонија„ пак, изборниот караван за претседателските избори утре ги стартуваа од Крушево, под мотото „Максимум за Македонија“ . Неговата програма е ставена на решавање на два најважни проблеми: корупцијата и криминалот и инфлацијата и невработеноста.

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендароски  кампањата за втор мандат , утре ја започнува во Прилеп, со вечерен митинг . Но, претходно Пендаровски ќе ги посети Кривогаштани и Крушево .

Кампањата ќе трае до 22-ри април на полноќ, а гласањето во првиот круг е на 24-ти април-среда, и е неработен ден.

Би можело да ве интересира

Николоски: на Пендаровски ќе му помогнеме да се исели од Македонија, но прво да одговара за злоделата

Пела Редакција

Во Прилеп слави ВМРО ДПМНЕ со (неофициално) три свои пратеници

Пела Редакција

Ристески: Ветуваме опоравување на земјоделството и на руралните средини

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе