2.2 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Проданоски: Нудиме инфраструктурни решенија за Прилеп за просперитет и развој

Обраќање до граѓаните со акцент на предлог проектите кои се однесуваат на подобрување на инфраструктурата во Прилеп и регионот,  прес конференција денеска одржа Дејан Проданоски, кандидат за пратеник во ИЕ4 од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ:

Лошата инфраструктура е еден од големите проблеми со кој се соочуваме како држава, а особено Пелагонискиот регион во кој припаѓа нашиот град. Ја бараме вашата поддршка, но и се обврзуваме наредниот четири годишен мандат дека ќе започнеме со реализација на проекти за градење на модерна и функционална инфраструктура.

Владата на ВМРО ДПМНЕ ќе инвестира во патната инфраструктура преку градење на автопати, експресни, магистрални, регионални и локални патишта. Ќе инвестираме во железничката инфраструктура преку градење и реконструкција на железничките пруги и набавка на возови. Ќе инвестираме и во комуналната инфраструктура преку градење на водоводни, атмосферски и фекални канализациски системи во сите населени места низ земјата.

Почитувани сограѓани, Владата на ВМРО ДПМНЕ за потребите на граѓаните на општина Прилеп ќе инвестира во следните капитални проекти:

-Конечно завршување на изградбата на експресниот пат од Градско преку Росоман и Дреново во должина од околу 33 километри.

-Изработка на студија и комплетна проектна документација за изградба на експресниот пат Велес – Прилеп преку Општина Чашка. Рокот за изработка на проект е до 2028 година.

-Ремонт со електрификација на пругата Велес – Битола. Со ремонт на истата ќе се добие побрз, посигурен и побезбеден железнички превоз.

Со директна поддршка од централниот буџет за капитални локални проекти, ќе се реализираат следните проекти: -реконструкција на улица Победа со мост,

-кружен тек Табана со мостовско решение,

-влез Македонски Брод-Прилеп,

-улица Орде Чопела,

-кружен тек Нова Автобуска,

-реконстукција на спортска сала Партизан,

-урбанизарање на нова населба „Проект Градина“ (улици, водовод, канализација, осветлување, училишта, градинки),

-реконструкција на стари и изградба на нови детски игралишта и сали, реконструкција на улици во населени места и градот.

Почитувани сограѓани, целта и визијата на ВМРО ДПМНЕ е да донесеме обнова и пораст на економскиот развој, придвижување и комплетно завршување на сите заостанати проекти на кои ќе им дадеме нов импулс и квалитет, а нудиме и ќе реализираме нови проекти. Почитувани сограѓани, овие проекти може да ги реализираме само со ваша поддршка. Потребна е масовна излезеност изборите кои ќе се оддржат на 8- ми Мај. Ве повикувам да го заокружите бр.2 за Македонија повторно да е наша! Број 2, за Гордана, за Македонија повторно да е горда!

Би можело да ве интересира

Полицаец спаси жена од водите на Крушевско езеро

Пела Редакција

Заев: Перспективата за бизнисот- мир, стабилност и безбедност на државата

Гордана Цветаноска

„Хорор„ таков е патот кој ги поврзува с.Галичани – с.Лагово

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе