14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Земјоделците да ги заштитат посевите и насадите, временските неприлики погодни за болести и штетници

Променливото време со повремени врнежи дожд е погодно за појава на плевели, болести и штетници. Поради тоа, земјоделците треба да посветат поголемо внимание за заштита на нивните посеви, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР.

Доколку временските услови дозволуваат, може да се продолжи со другите агротехнички мерки. Се препорачува да се преземат и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и за расчистување и заштита на одводните канали за полесно одлевање на површинските води, велат агрометеоролозите.

-Променливото време со повремени врнежи дожд во изминатите денови, ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата, но и со услови на појава на плевели, болести и штетници заради големата релативна влажност на воздухот. При вакви временски услови, земјоделските производители треба да посветат поголемо внимание на заштита на нивните посеви од плевели, појава на болести и штетници, заради постоење оптимални услови за нивно ширење и развој, нагласуваат агрометеоролозите.

Тие оценуваат дека новите врнежи кои ги најавува УХМР, ќе ги дополнат вештачките акумулации кои беа со намалено ниво на вода.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Чешка ќе ја поддржи Македонија за влез во ЕУ и Нато

Елизабета Филипоска

Прилеп: Петмина оздравени, двајца новозаболени од Ковид 19

Гордана Цветаноска

Витаминка за порастот на цената на маслото Брилијант: Внимаваме и важно ни е да нема големи ценовни скокови кон граѓаните

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе