12.1 C
Прилеп
петок, 18 април, 2025
Пела Радио

Сите во Прилеп „Славиме заедно – 100 години Прилепска Пиварница“

Под слоганот „Славиме заедно – 100 години Прилепска Пиварница“ на 13 јули 2024 година, со почеток од 20 часот, во срцето на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, ќе се одржи спектакуларен настан за одбележувањето еден век од постоењето на Прилепска Пиварница.

Основана во 1924 година, Прилепска Пиварница е камен-темелник на заедницата, произведувајќи најквалитетни пијалаци што го отелотворуваат нашето богато наследство. Овој значаен јубилеј заслужува голема прослава и затоа ве покануваме да ни се придружите заедно да го одбележиме овој наш голем роденден.

Настанот ќе биде исполнет со музика и забава. Реномираните уметници Марија Шерифовиќ, „ДНК“ и „Тропико бенд“ ќе се погрижат да приредат незаборавна вечер што долго ќе се прераскажува.

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од историјата и да прославите 100 години успешност заедно со нас. Придружете ни се на 13 јули на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, за незаборавна вечер со музика, веселба и убави спомени.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Нова донација на „Комфи Ангел“, овој пат во Кичево

Гордана Цветаноска

Концерт на виолина и пијано „Љубовен триптих“ во Цепенков

Пела Редакција

Полицијата доби донација заштитни маски од конфекцијата „Кули “

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе