5.6 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Соопштение: Четврта седница на Управниот одбор на ЈКП Комуналец

Политичката партија Левица, локален огранок Прилеп, денеска преку соопштение информираше за одлуките кои биле донесени на четвртата седница од Управниот одбор на ЈКП Комуналец Прилеп:
„Вчера се одржа четвртата седница на управниот одбор на Ј.К.П. Комуналец.
На истата, нашиот член Атанас Белокоски, поднесе предлог одлука за донирање на дневниците од членовите на управниот одбор на социјално ранливи категории на граѓани каде што од присутни 8 члена, со 7 воздржани гласа и само еден глас ЗА од предлагачот, предлог одлуката на жалост не беше усвоена.
На истата седница, по барање на директорот Рубин Абрашоски и по предлог на Ј.К.П. Комуналец, се побара УКИНУВАЊЕ на одлука на управен одбор од претходниот мандат со која бил доделен зголемен лимит за мобилен телефон и тоа 2500 и 5000 денари месечно за директори од претходното раководство. Предлог одлуката е едногласно изгасана со 8 гласови ЗА.
Се надеваме дека ваквите позитивни пракси на кратење од непродуктивните расходи ќе продолжат и во иднина, стои во соопштението од партијата Левица ЛО Прилеп.

Би можело да ве интересира

Ќе се осветлува патот до крушевското езеро и водоснабдување за во индустриската зона„Опаленик“

Елизабета Филипоска

Во ООУ „Кочо Рацин“ стартуваше дневен престој за 30 тина ученици

Гордана Цветаноска

РК Прилеп собир и упис во младите категории од 8 до 12 години

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе