18.3 C
Прилеп
понеделник, 12 мај, 2025
Пела Радио

Владата прогласи кризна состојба, армијата ангажирана за гаснење на пожарите неготинско

Доцна синоќа Владата, како резултат на топлотниот бран и состојбата со пожарите, донесе одлуката за постоење на кризна состојба во траење од 30 дена. Стотина припадници на Армијата и два хеликоптера МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ од раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнале со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.

– По наредбата од страна на претседателката и врховен командант на Вооружените Сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети на Армијата, информираа утринава од Генералштабот на Армијата.

Армијата, како што се наведува во соопштението, согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди секогаш кога било потребно.

Владата по барање на Кризниот штаб од Неготино доцна синоќа прогласи Kризна состојба.

 

 

 

Би можело да ве интересира

„Секој заслужува втора шанса“ промотивно видео во продукција на Радио Пела за проектот “Пост – пенална програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица”

Гордана Цветаноска

Од утре задолжително носење на зимска опрема

Елизабета Филипоска

Крушево вечерва будно за пожарите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе