0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ Почина Симон Беличанец

Замина доајенот на македонското спикерство Симон Беличанец. Роден е на 2-ри јуни 1942 година во Прилеп. Таму го завршил основното образование, како и гимназија, но и нижото музичко училиште. Уште од најмала возраст била изразена неговата дарба за убавиот збор, така што во Тутунскиот комбинат Прилеп на само три годишна возраст ја восхитил публиката, рецитирајќи ја песната „Мајка Угра“.

Уште во гимназиските денови бил ангажиран во Радио Прилеп од страна на тогашниот уредник Зафир Зафировски. Студирал на Технолошкиот факултет во Скопје. За време на неговите студии се пријавил на аудиција во Радио Скопје и веднаш бил ангажиран како спикер.

Завршил и виша спикерска школа во Белград, во рамки на тогашната Југословенска радио-телевизија. Веднаш потоа почнува да ги чита вестите на МРТ. Како голем обожувач и на музиката бил водител на низа манифестаци. Своето спикерско знаење несебично го пренесуваше на помладите колеги, спикери и новинари. Покрај успешната професионална кариера, беше и брат, сопруг, татко и сакан дедо.

Симон Беличанец почина вчера на Илинден, а ќе биде погребан в понеделник 5-ти август на градските гробишта во Бутел.

Би можело да ве интересира

Прилеп го одбележа 2 Август – Денот на републиката

Гордана Цветаноска

Промовирана ,,Ароматична градина Чопела” и нов зачин од проектот „Екпедиција на природата“ во СОУ „Орде Чопела“

По кои критериуми ќе се делат донираните таблет-компутери од Витаминка?

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе