3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Да помогнеме за опремување на Центарот за лица со церебрална парализа

Во организација на Општина Прилеп, „ГЕНТЕРМ Македонија“, „Комфи Ангел“ и Стопанска Комора на Македонија – Регионална канцеларија Прилеп, во недела на 24.06.2018 со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи рекреативна донаторска трка во должина од 5км, насловена како „Трчаме заедно за лицата со церебрална парализа“.

Реконструкцијата на објектот наменет за Дневен центар за лица со церебрална парализа е во тек, но поради големите трошоци за одржување, скапата апаратура и опрема којашто е потребна за непречено работење на Центарот, Општина Прилеп, во соработка со приватните компании „ГЕНТЕРМ Македонија“, „Комфи Ангел“ и со Регионалната канцеларија на Стопанската комора на Македонија, го организира овој настан а собирање дополнителни финансиски средства.
– „Комфи Ангел“ е декларирана како општествено одговорна компанија, каде во сите процеси ги вклучуваме нашите вработени и токму овој настан им овозможува покрај партиципација со котизација, да направат нешто добро за другите, да направат нешто добро и за себе. Досега, до овој момент, пријавени се околу 300 вработени. Ова значи наше масовно партиципирање, а исто така ги повикувам и другите компании кои се дел од Општина Прилеп и членови на нашата Регионалана комора, масовно да земат учество“, истакна Ирена Јакимоска косопственик на ‘Комфи Ангел’ и претседател на Стопанската комора за Прилеп.
„Во името на ‘ГЕНТЕРМ Македонија’ сакам да истакнам дека ова е почеток на една социјална одговорност на компанијата. Со 1.500 вработени во компанијата, ние сме најголем работодавач во овој регион. Оваа трка нема да има натпреварувачки карактер, туку ќе биде со малку поголемо срце, донаторски. Оваа прилика ја користам да дадам еден апел до сите граѓани на Општина Прилеп, да земат учество, да ја збогатат трката и со тоа да им помогнат на своите соседи. Исто така, упатувам апел и до бизнис заедницата да земе што поголем учество, да ја направиме поколоритна таа недела на 24 јуни“, истакна Васил Костовски, директор за човечки ресурси во „ГЕНТЕРМ Македонија“.
Котизацијата за учество на донаторскиот маратон е 100 денари, кои заинтересираните можат да ги уплатат на Буџет на Општина Прилеп со број на сметка – 756014065763013, Приходна шифра – 725939, Програма – 00, Трезорска сметка – 1000000000063095.

Сите заинтересирани граѓани, фирми и правни субјекти кои сакаат да се дел од овој хуманитарен настан, можат да се пријават кај лицето за контакт Цвете Станојоска од Општина Прилеп, на телефонски број +38977540919 или на мејл: [email protected], [email protected].

Собраните средства, ќе бидат искористени за тековните трошоци и набавка на опрема за Центарот за лица со церебрална парализа.
Со ставање во функција на Дневниот центар, после Скопје, Прилеп ќе биде единствен град во Република Македонија којшто ќе добие Центар од ваков карактер со капацитет на згрижување од 25 до 30 штитеници. Општина Прилеп во првата фаза учествува со 2.5 милиони денари, кои се средства пренаменети од буџетот на Општина Прилеп, со одлука на Советот на Општина Прилеп. Средствата ќе бидат искористени за набавка на опрема и специјално возило за транспорт на лицата од нивните домови до Центарот. После отворањето на Центарот, тековните трошоци за одржување на Центарот и храната за лицата кои ќе престојуваат во Центарот, ќе бидат во целост на товар на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Укината забраната за тешки товарни возила на Плетвар

Гордана Цветаноска

Во Прилеп, секој ден по еден случај, жртва на семјно насилство

Елизабета Филипоска

Продолжува да расте бројот на новозаразени од Ковид 19 во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе