Советниците на денешната четириесет и седмата седница на Советот на Општина Прилеп на дневен ред ја поставија одлуката за престанок на мандат на член во Советот на општина Прилеп и доенсоа одлуката за верификација на мандат на нов член во Советот на Општина Прилеп.
Ваквата промена овој пат ресултира поради тоа што совеникот д-р Кире Јоноски, од редовите на владеачката советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, од неодамна ја стана директор на ЈЗУ Општа Болница “Борка Талески“ – Прилеп, со што му престанува мандатот совеник. На негово место верификуван е мандатот на Александар Алексоски, кој беше следен според советничката листа на владеачката партија, од локалните избори во 2021 година.Пред два месеци, поради парламентарните избори и добивање на пратеничка функција на претходни советници Дејан Проданоски и Билјана Кузманоска , местото на Кузманоска е заменето со Мирјана Конеска, а местото на Проданоски го зазеде како советник, Влатко Петкоски од ВМРО ДПМНЕ.
Промениете на составот настана минатата година. Советникот на Левица, Методија Костоски кон крајот на минатат година си даде неотповиклива оставка од Советот на општина Прилеп, а на негово место дојде Катерина Пузеса, а во советничкиот состав на СДСМ, каде нов советник пристигна и Мирјана Крстеска.
Покрај промената во советничките редови, советниците одлучуваа и по други точки од дневниот ред.
Точката за измени и дополнувањата на Буџет на Општина Прилеп за 2024 година, наиде на низа дискусии. Оваа точка за измени и дополнувањата на Буџет на Општина Прилеп за 2024 година, беше надополнета и со амандмани , кои беа излгласани од владеачкот мнозинство,како надополнување за важносата од измените и дополнувањата на Буџетот.
Со владеачкото мнозинство беа усовени и измените и дополнувањата на планот на развојните програми на Општина Прилеп за 2023-2025 година . Но, и тука настана дискусија за тоа каде се’ има план да се потрошат новите 24 милиони денари во развојната програма. Советниците дискутираа и по предлог-одлука за утврдување на приоритет на проектот “Изградба на фабрика за рециклирање на отпад„. Се бараше одговор на прашањето „дали има правни пречки за спроведување за изградба на овој проект?„ Претседателката на Советот на Општина Прилеп, посочи дека нема никакви правни пречки со изведбата на овој проект и дека потребно е да се рализира проектот до декември чии средства од 90 милиони денари се одборени од Влада.
На денешнат аседница ендогалсно беше узвоена измените и дополнување на решението за формирање комисија за општествени дејности и права на децата, вклучително и точката за измени и дополнувања на програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2024 година.А, пред стартото на новата учебна година советниците ги разледаа и усвоија годишните извештаји за работа и годишните програми за работа за учебната 2023/2024 година на сите основни училишта во Оптшина Прилеп .