14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Пријави за физички напад: на работно место, во семејниот дом, на улица и старец кој се соблекувал пред деца…

Вчера, на 26.08.2024 во 13.30 часот во ОВР Прилеп, А.Р.(22) од Прилеп пријавила дека на работното место во Одделението за управни работи Прилеп  била физички нападната од Г.Д. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок ,информираат од СВР Битола. Но, настаните на физичко насилство во текoт на вчерашниот ден се редат:

Вчера, на 26.08.2024 во 22.40 часот во ОВР Прилеп,  82 -годишен прилепчанец пријавил дека во семејниот дом во Прилеп бил физички нападнат од неговата сопруга.

Вчера, на 26.08.2024 во 18.30 часот на ул„Мице Козар“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.И.(46) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и упатувал закани кон С.Д.(40) од Прилеп. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Вчера, на 26.08.2024 во 22.15 часот во ОВР Прилеп, 40 – годишна жена од прилепско село пријавила дека , П.Н.(82) од истото село, се соблекувал пред нејзините две малолетни деца.

Се преземаат мерки за расчистување на сите случаи.

 

Би можело да ве интересира

За два дена, под дејство на алкохол и без возачка „фатени“ 41 возач

Елизабета Филипоска

37 годишен маж се самозадоволувал пред малолетници во паркот на Могила

Пела Редакција

Опожарено уште едно патничко и товарно возило во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе