10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

СОУ „Ѓорче Петров“ доби донација од Комфи Ангел

Во интерес на подобрување на квалитетот на наставно образовниот процес и изведување на практичната настава Комфи Ангел денеска во СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп донираше опрема и материјали, за што од училиштето информираа на социјалните мрежи изразувајќи благодарност.
 

Денес, Друштвото за производство на текстил, текстилни производи, трговија и услуги Комфи Ангел, како знак на добра соработка со нашето училиште, донираше:  две употребувани машини во одлична состојба, компјутер, текстилни материјали и машински конци за шиење за потребите на учениците од текстилно-кожарската струка. Исто така, за опремување на кабинетот по нега на болен каде што се изведува практична настава за профилот медицинска сестра донирани беа: перници, навлаки за перници, јоргани, навлаки за јоргани и долни чаршави. Благодарност до раковдството на компанијата и до директорката Ирена Јакимоска.

Со тоа продолжува соработката на Комфи Ангел  со образовните институции Македонскиот бренд за производство на  постелнина е препознатлива по својата општествена одговорност вложувајќи несебично со донации за подобрување на квалитетот на живот и учење.

Би можело да ве интересира

Поевтинуваат бензините и екстра лесното масло за домаќинство

Петта по ред победа на ЖФК Деспина

Гордана Цветаноска

Состојба со Ковид 19 во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе