11.1 C
Прилеп
недела, 27 октомври, 2024
Пела Радио

Промоција на нова книга за деца од Лина Димоска

В сабота на втори ноември, вечер пред Денот на ослободувањето на Прилеп,  од 17 часот, во кафулето Арт кафе во Прилеп, ќе се одржи промоција на книгата со раскази за деца „Мачорот Тане“ од прилепчанката Лина Димоска.

Ова е прво објавено дело за деца од Димоска, која досега има неколку книжевни објави за возрасни.

  • Идејата за делото „Мачорот Тане“ се роди во една септемвриска квечерина, по предлог на мојот пријател. Патем, мачорот Тане дури и навистина постои. Тоа е мојот домашен мачор кој во една година живот помина низ еден куп згоди и незгоди. Издвојува битка против тешка болест, а со самото тоа ми покажа дека и животните го сакаат животот и себеси, исто како луѓето.“- вели Димоска

Книгата ја илустрираше Калиопи Трпчева, а ја објави издавачката куќа Светулка од Скопје.

Во рецензијата кон „Мачорот Тане“ рецензентот Филип Димкоски пишува дека станува збот за книга со раскази која се одликува со едноставност во раскажувањето и со модереен и современ наративен стил кој и е допадлив на младата читателска публика.

  • Секој расказ завршува со некаков заклучок и поука кој несомнено ќе се втисне до детското срце и мозоче доколку се чита со внимание и со разбирање, па и со помош на родителот или наставникот доколку е потребно. Овие раскази дури и повикуваат на разговор по прочитувањето на секој одделно. Убаво би било да се препрочита заклучокот и родителот или наставникот да поразговара со детето околу содржината, заклучокот и поуките што можат да се извлечат, но и да се применуваат во секојдневието“-пишува Димкоски во рецензијата кон книгата.

Од издаваштвото појаснуваат дека ова дело има за цел да ги поттикне децата да практикуваат позитивни и правилни форми на однесување. Да ги почитуваат различните од нив, да ги сакаат другарчињата, да ги слушаат и да не ги лажат своите родители, од најмали нозе да почнат да се грижат за околината и животните

На промоцијата во Прилеп, за книгата ќе зборува Звонко Димоски, а предвидени се промотивни настани и во други градови низ Македонија.

 

 

Би можело да ве интересира

Викенд фестивал на краток филм “Winter Apricots” на Могила

Елизабета Филипоска

СЕЌАВАЊЕ: На денешен ден почина прилепскиот актер Дарко Дамески великанот на македонското глумиште

Елизабета Филипоска

Шведски искуства за локално управување со отпад

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе