6.8 C
Прилеп
среда, 4 декември, 2024
Пела Радио

Дали во Македонија од 2026 во пензија ќе се оди на 67 години?!

Деновиве зачеси дискусијата за можното поместување на старосната граница за пензионирање во  Македонија. Иницијативата доаѓа од  Фискалниот совет (државна институција) основан од Собранието, кој што предлага зголемување на староснат граница за пензија на 67 години како дел од мислењето за Фискалната стратегија (2025-2029). Предлогот, кој што е доставен до Собранието, предвидува измената да стапи на сила во 2026 година и да важи за мажите и жените.

Како  потреба за ова, според  мислењето од Фискалниот совет, е старењеето на населението, каде секоја година се зголемува бројот на пензионери за околу 1.500-1.700 нови, како и  емигрирањето на младите во странство, со што доаѓа до релативно намалување на пензионите приходи . “Оттука фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ претставува посебен фискален ризик“,  се наведува во мислењето на Фискалниот совет, кој за да не се наруши фискалната одржливост на ПИОМ смета дека е потребно да се покачи стросната граница за пензионирање.

Во документот е наведено дека се предлага намалување на дефицитот на ПИОМ преку зголемување на границата за пензионирање на мажите и жените на 67 години, како и зголемување на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување за 0,7 процентни поени во 2026 година, а потоа доколку состојбите се влошени и во 2027 година да се зголеми придонесите за пензиско осигурување на 21%.

Формирањето на фискалниот совет е предвидено за Законот за буџети од 2022 година. Ова тело, замислено како контрола на фискалната одржливост и има тројца членови предложени од МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната банка на Македонија: академик Абдулменаф Беџети, професорката Мирјана Трпеска, а претседател на Советот е Глигор Бишев.

Би можело да ве интересира

Во тек истраги во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп (ВИДЕО)

Пела Редакција

Донација од Кико за малиот Стефан од Прилеп- семејството на Кико донира половина милион денари од собраните средства

Пела Редакција

Прилеп утре го одбележува Денот на ослободувањето од фашистичките окупатори

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе