4.7 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп

Прилепска Пиварница, денеска, во рамките на кампањата „ Мовембер – На здравје, за машкото здравје“ ја реализираше донацијата за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп, преку набавка на медицинска опрема во вредност од 600.000 денари.

И оваа година Прилепска Пиварница, преку својот бренд Златен Даб, ја спроведе кампањата „Мовембер – На здравје, за машкото здравје“ и месецот ноември го посвети на глобалното движење за подигнување на свесноста за редовна грижа за машкото здравје.

„Ноември стана симбол на машкото здравје во светски рамки, а кај нас преку брендот „Златен Даб“ веќе неизоставен дел од нашата стратегија за општествена одговорност, која се фокусира на подигнувањето на свеста за рана превенција од најчестите заболувања кај мажите, но и за општото психофизичкото здравје. Годинава, во духот на одбележувањето на 100 годишнината на Прилепска Пиварница одлучивме донацијата да ја направиме на Одделот за урологија во Општата болница во Прилеп и нашата грижа и солидарност за градот да биде пример кој треба да го следат и другите успешни компании“– изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.

Заблагодарувајќи се за донацијата од Прилепска Пиварница д-р Кире Јоноски, директор на прилепската болница посочи:

 Прилепска Пиварницата како општествено одговорна фирма со акција 1 денар за секое купено пиво Златен Даб одлучи да донира во прилепската болница на одделението за урологија најнеопходни инструменти. Во оваа прилика сакаме да му се заблагодариме на директорот на Прилепска Пиварница г-дин Сашко Самарџиоски, му сме најискрено благодарни за оваа донација во најнеопходни инструменти кои ќе помогнат при дијагностицирањето и лекувањето на пациентите од урологија. 

Донацијата во уролошкиот оддел доаѓа во вистинско време, бидејќи без неопходните инстименти за дијагностика не може да се фукционира посочи д-р Трајче Јанкулоски, раководител на одделот за урологија при Општата болница Прилеп.

– Со донацијата набавивме 2 ургентни цистоскопи, односно и работен и телескопски дел без кои што практично е невозможно нашето функционирање како оддел. Ние во ендоскопската сала имавме опрема, но бидејќи долго време не беше набавена нова, стигнавме од неколку комплети само на еден комплет кој што и тој беше дотраен, не гледаше и постоеше и ризик да го прекинеме дијагностицирањето на основните уролошки состојби, односно патолошки состојби кај нашите сограѓани. Оваа донација дојде како мевлем на рана, односно кога ни беше најпотребна. Со овие два инструменти ќе можеме да правиме комплетна дијагностика на најчестите уролошки заболувања кај машката популација, рече д-р Јанкулоски. 

Ендоскопските прегледи на годишно ниво во Прилеп се околу 200, а зголемен бил бројот на оперативни зафати кои се работат во Општата болница кои инаку се применуваат во клиниките на терцијално ниво. Годинава тој број ќе изнесува 40 оперативни зафати.

Инаку, Прилепска Пиварница веќе трета година се придружува на глобалната иницијатива за подигнување на свесноста за поголема грижа за целокупното машко здравје, апелирајќи за редовна лекарска посета.

 

Би можело да ве интересира

Промоција на две книги и две изложби од прилепчанката Марија Ѓорѓиоска

Гордана Цветаноска

Трскавец со Марковите кули исконско култен простор во Пелагонија

Елизабета Филипоска

Донација од Дрекслмајер за Прилеп-специјално возило за превоз на лица со попреченост

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе