29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Попладнево земјотрес почувствуван во Прилеп и Битола

Попладнево беше почувствуван земјотрес во Прилеп, Битола и околината со магнитуда од 3,4 степени по Рихтерова скала. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 17.07.2022 година регистрираше земјотрес 92 km јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 15 часот и 40 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.4 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Прилеп, Битола и околината.

Би можело да ве интересира

Пцости и навреди упатил советник во Општина Охрид на новинарката Емилија Мисирлиевски

Македонија седма во Европа со футсалците од Ристе Ристечки Ричко

Пела Редакција

Училишните смотри стартуваа со „Волшебните насмевки“ од ООУ Гоце Делчев (Фото галерија)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе